КАВИТАЦИЈА: Компјутерски контролиран апарат, интелегентен дизајн кој во себе содржи 4 различни сонди за работа неопходни за решавање на проблемите со целулитот.
Неинванзивна, безболна, сигурна процедура со едноставна примена. Кавитацијата е нежна и неинвазивна терапија за успешно намалување на целулитот и локални масни наслаги. Прецизно одстранување на локалните масни наслаги и целулитот на стомак, задница, бутини, колена, надлактици.
4 пати поголеми ефекти, 4 пати поголеми резултати! Како работи 4-Д Ултразвучната Кавитација?
- Интензивна физичка липолиза за одстранување на масти од стомакот, половината, грбот, задникот, рацете
- Вишокот на масни клетки се топи
- Телото слабее, се намалува целулитот
- Се ослободува обструкцијата од каналите и колатералите
- Промовирање и забрзување на метаболизмот на телото
- Цена: Пакет од 10 4Д-кавитации 7.000 денари.
- НАПОМЕНА: Кавитациите одат само во пакет од 10 или пак во комбинација со друго процедура.
Главата на 4-Д кавитацијата се состои од 4 глави на кавитации поставени под различни агли. Секоја од нив емитува ултразвучен звук-енергија од по 40-50-kHz од две одделни модулации и 4 различни модели на фокусирање врз проблематичната зона која продира во кожата на длабочина од околу 8-9 mm.
Досегашните стандардни и обични кавитации продираа во длабочината на масното ткиво само од 2-3 mm!
4-D Ultrasonic Cavitation Inch Loss – Newest perfect slim 4-D Lipo Cavitation
Терапевски ефекти: Притисок од 40-50 kHz кои се формира врз масните клетки (познати како адипоцити) предизвикуваат клеточните мембрани на адипоцитите да пукнат при што доаѓа до ослободување на содржината во просторот помеѓу масните клетки (интерстицијален простор).
Содржината на масните клетки (масни киселини, триглицериди и вода) се прелеваат надвор од скршените клеточни мембрани и се пуштени во интерстицијалниот простор. Овој механизам на дејствување не е топење на масти, тоа е всушност инстант празнење на маснотии надвор од клетките, а не уништување на истите. Затоа втората модулација е одговорна да предизвика позитивен бран, притисок во интерстицијалниот простор и промовирање на забрзана лимфна дренажа.
Овој неверојатен процес се одвива без да влијае на соседните структури како што се кожата, крвните садови и периферните нерви!
Се препорачува во рок од 48 часа по третманот превземање на некоја форма (по можност кардиоваскуларни) вежби за да се подигне, забрза вашиот метаболизам и да ви обезбеди да се задржат резултатите постигнати за време на третманот.
За оние пак кои не се љубители на физичка активност, препорачуваме:
- Скафандер за лимфна дренажа на цело тело.
- LPG, мултиполарна радиофрекфенца.
- Криолиполиза – најнов модел на наизменично топлење и ладење.
Сите овие третмани ќе ви го забрзаат ослободувањето на горивото од телото. Вашето тело ќе ги користи расположливите горива во крвта која ги вклучува масните киселини и триглицеридите ослободени од страна на третманите со 4-Д кавитација.
Откако горивото во крвотокот е истрошено, вашиот црн дроб ќе започне да ги користи останатите масни депозити почнувајќи од оние кои му се најлесни да ги скрши, а тоа се третираните површини, за понатамошно гориво. Затоа, дури и ако сте се обиделе со други ултразвучни кавитациски третмани, тие едноставно не можат да се споредуваат со неверојатните резултати кои можат да се постигнат со нашите нови третмани со 4-Д кавитација.
Секој третман се состои од 20, 30 или 40 минути, 2 до 3 пати неделно, по регија која нашиот лекар специјалист – дернатолог ќе ви ја препорача спрема индивидуалната здравствена состојба.

Како да достигнете максимални ефекти од оваа метода?
4D (4-димензионална) кавитација може да се користи во пакет со други процедури како криолиполиза, интензивен и фокусиран ултразвук (ХИФУ), ЛПГ – LPG, лимфна дренажа во скафандер, мултиполарна радиофреквенција. За одредување на пакет, потребен е преглед од лекар (дерматолог) со цел да се одреди што е најдобро за вашето тело односно тип на проблем (масно ткиво, целулит, висната кожа). Надоградбата на Кавитација со други методи за разбивање на целулит и топење на масни наслаги нуди дополнителни предности и побрзи резултати.
