Ла Белеца е основана уште во далечната 1991 година. Денес, како специјалистичка ординација по дерматовенерологија и естетска медицина, горди сме на фактот дека сме пионери во развојот на концептот за естетска дерматологија и медицинска козметологија во Македонија.
Стручност, големо искуство, максимално одговорен пристап, 24 часа достапност за нашите клиенти. Постојаните стручни усовршувања и континуирано воведување на нови естетско-корективни и тераписки процедури како и современата технологија, обезбедува врвна услуга во нашиот центар.
Многу е важно да знаете дека секој третман во La Bellezza дерматологија и центар за убавина започнува исклучиво со преглед на кожата од страна на специјалист дерматолог, како и универзитетски остручени лица со мастер за естетска медицина. Но покрај тоа, континуирано ги следиме светските иновации и трендови од најдобрите, а сме дел и од нивните академии – круна на се, последната стипендија за инзвонреден труд во полето со ласери од дерматолошкото здружение на Емиратите, како и регистрација на најмоќната американска фирма за ласери за прв пат во Македонија, директно од Американската Академија за Дерматологија – AviClear by Cutera, дознај повеќе.
Единствени учесници од Македонија на најголемата годишна конференција и обуки на Американската Академија за Дерматологија 2025та во Орландо, 2026та година во Денвер САД, како и пракса во Њу Јорк за естетска медицина.
Hands-on пракса со неколку ласерски технологии во тренинг центар во Париз, Франција, со истите технологии кои ги донесовме во Ла Белеца Центар, како дел од најголемиот европски конгрес за дерматологија – EADV Congress 2025.
Презентација на техники со работа со биостимулатори, козметика после употреба на ласери и биостимулативни филери на еден најголемиот конгрес за дерматологија и естетска медицина во Емиратите, Дубаи. Презентација на Case Reports.
Стипендија добиена, а потоа и награда за извонрерден труд во полето со CO2 ласер и терапии после ласери од страна на годишниот конгрес на дерматолошката асоцијација на Емиратите во Дубаи.
Кадавер обука во Варшава, Полска и Мастер курс за инјектирање на хијалуронски филери- Институт за Анатомија во Варшава.
Кадавер обука со Деканот и професор по Анатомија на Универзитетот во Анкара како и Мастер курс по анатомија на Медицинскиот институт за Анатомија
Обука и Сертификација за ГЛОБАЛЕН ТРЕНЕР и Сертифициран Едукатор на Neauvia Academy – Милано, Италија и Дубаи.
Во Ла Белеца естетска дерматологија и медицинска козметологија, имате можност да бидете третирани од еден од првите естетски дерматолози во Република Македонија, Специјалист по Дерматовенерологија Д-р Наташа Марковска Василевска. Далечната 1992 година, Д-р Наташа го отвори првиот салон за медицинска козметологија во Република Македонија, а паралелно напредуваше во кариерата како комерцијален директор на две реномирани фармацевтски компании, ICN Galenika – Serbia & Hoffman La Roche Switzerland, а потоа и како Генерален директор на Градските Аптеки – Скопје.
Притоа, Д-р Наташа имаше можност за унапредување во кариерата со редовни посети на дополнителни едукативни настани како конгреси, конференции, тренинг обуки и друг вид на стручни унапредувања низ целиот свет.
Д-р Наташа е еден од најдобрите и најобучени доктори во полето на Естетската Медицина со повеќе од 30 сертифицирани курсеви од најдобрите во свет едукатори и компании.
Естетските третмани во Ла Белеца покрај тоа што се под надзор на дерматовенеролог д-р Наташа Марковска Василевска, ги работи и д-р Стефан Василевски, моментално специјализант по дерматологија на УКИМ и Клинички Центар Скопје. Исто така, д-р Стефан Василевски е со стекната Универзитетска курикуларна диплома за ласери, апарати и инјекциони техники во естетската медицина призната во цела Европска Унија, а добиена и завршена на Универзитетот во Ријека, Медицински Факултет Ријека со пракса во Болниците во Опатија, Ријека и остатокот од Хрватска. Слика: Клинички Болнички Центар Ријека, Хрватска.















