Третмани за лице

Вашиот "facial" третман во раце на дерматолог

Нашите третмани за лице се дизајнирани да ги задоволат различните потреби – од хидратација и освежување, до намалување на знаците на стареење и подобрување на текстурата на кожата.

ОСНОВНИ ТРЕТМАНИ ЗА СЕКОЈ ТИП НА КОЖА

Секој третман во Специјалистичка ординација за дерматологија и Центар за убавина La Bellezza започнува исклучиво со дерматолошки преглед на кожата од страна на специјалист дерматолог. Исто така, дерматологот е одговорен и за самиот третман на чистење на лицето.

Класичен Третман

Козметолошки и хигиенски третман на лицето со дијамантска микродермабразија, маска со ЛЕД терапија и серум.

Третман со Мезотерапија

Завршна иглена мезотерапија после класичен третман со дијамантска микродермабразија, маска со ЛЕД терапија и серум.

Третман и PRX-T33

Хигиенски третман со завршна доза од PRX-T33, со дијамантска микродермабразија, маска со ЛЕД терапија и серум.

Кожата е најголем орган – редовна нега
и чистење сe “alfa & omega” во било кој чекор.

Акните се резултат на повеќе фактори, вклучувајќи зголемено лачење на себум, хормонски дисбаланс, бактеријата Propionibacterium acnes, генетска предиспозиција, имунолошки одговор и механички влијанија. 

Дополнително, исхраната, стресот, употребата на кортикостероиди и зголемувањето на лојните жлезди го зголемуваат ризикот за појава на воспаленија и промени во структурата на кожата.

НАПРЕДНИ ТРЕТМАНИ ЗА ЛИЦЕ

Доколку сакате уште побрзи и подобри резултати, пробајте го најдоброто во светот, а достапно во нашиот центар. Нашите специјализирани третмани се прилагодени на вашиот тип кожа и ги комбинираат најсовремените технологии за видливо и долготрајно подобрување.

Едно од ефикасните решенија за акни, митесери, проширени пори, хиперпигментации после акни (PIE) се токму овошните киселини и хемиските пилинзи.

Дали знаете дека CO2 ласерот може да се користи за различни индикации како рејувенација, лузни од акни и брчки, има посебен модул за стабилизирање на акни.

Најлуксузен рејувенациски facial третман во светот, но исто така има и посебен протокол за сензитивна кожа, розацеа, проблематична кожа, лузни и кожа склона кон акни.

Вашата убавина во рацете на експерти

Класичните третмани за лице во Ла Белеца, под водство на првиот естетски дерматолог во Македонија, д-р Наташа Марковска Василевска, комбинираат врвни препарати и современа апаратура за здрава и сјајна кожа.

Препаратите кои ги користиме се од врвни професионални медицинско-козметички линии а со дополнителната примена на апаратура од најсовремена модерна технологија и во раце на професионална услуга и искусен дерматолог, се гаранција за вашата убавина, здравје и инвестиција.

Follow us on Instagram to stay up to date and see the latest trends.

@LABELLEZZA_CENTER

Резултати што зборуваат сами за себе

Преку нашето клиничко искуство се прикажани реални „пред и потоа“ резултати од третмани на акни, лузни и постинфламаторни флеки, како и од областа на медицинската и козметичката дерматологија. Секој третман е базиран на стручна проценка и медицински протоколи.

Резултатите се постигнуваат со фокус на безбедност, ефикасност и долгорочно подобрување на состојбата на кожата.

Единствен ласер одобрен од FDA за долготрајно решение на акни - и до 4 години!

AviClear by CUTERA USA

Конечно најдено решение во дерматологијата и естетската медицина како долг рок решение за акни. Ласерот кој сите го сакавме да го имаме додека бевме во средно школо.

Произведен на HARVARD Medical School од најпознатиот професор по дерматологија во светот, д-р Рокс Андерсон – човекот кој ги измисли фракционите ласери. Најмоќната американска фирма, за прв пат во Македонија.

ВАЖНО

Секој третман во Специјалистичка ординација за дерматологија и Центар за убавина Bellezza започнува исклучиво со преглед од страна на специјалист по дерматовенерологија, по што се одредува оптимална терапија и индивидуализиран пристап кон секој пациент.

Сепак, веќе пости и револуционерна американска FDA одобрена метода направена на HARVARD Универзитетот, за прв пат достапна во Македонија, а универзална за сите видови на акни.

La Bellezza Center © Сите права задржани.