Ботокс

Што е ботокс и за кого е наменет?

Најфреквентната нехируршка естетска процедура во светот која се изведува повеќе од 25 години, идеална за сите возрасти.

Ботоксот е познат како “lunch-break” поцедура и е многу повеќе од препарат кој ги отклонува веќе појавените брчки. Напротив, се повеќе се користи и во превентивни цели да не дојде до појава на истите. Поради тоа немојте да чекате да остарете па дури тогаш да почнете да се подмладувате. За ботоксот важи терминот дека хронолошки го стопира времето на стареење “stop the clock” односно делува и превентивно.

ГОРНА ТРЕТИНА НА ЛИЦЕ

ДОЛНА ТРЕТИНА НА ЛИЦЕ

ХИПЕРХИДРОЗА: ДЛАНКИ, ПАЗУВИ

РОЗАЦЕА И АКНИ – MICRO BOTOX

ВРАТ

БРУКСИЗАМ

Добро аплициран ботокс е оној кој не се забележува, односно треба да го покажува вашето расположение и емоции, но не и вашите години.

Ботоксот не смее да прави “пластифициран” лик и тоа е само неоснован МИТ, напротив, најдобриот ботокс е тој што корегира, дава млад, свеж и одморен изглед односно мала промена која прави голема разлика. Затоа, времето за прв ботокс е токму во доцните 20ти или пак раните 30ти години кога и почнуваат да се појавуваат првите фини линии – брчки.

Доколку задоцните со превенција, многу е потешка корекција во подоцнежна фаза, кога брчките се поистакнати и повидливи.

Ботоксот подеднакво се користии кај жени и кај мажи “BRO-TOX”:

Се почесто користена процедура и од мажите. Според Американската академија за дерматологија, во последните неколку години бројот на аплицирани третмани на ботокс кај мажи се во огромен пораст.

Односно, мажите скоро подеднакво користат ботокс како и жените. Особено што апликација кај мажите не е само во лицева регија, туку почеста е за против потење (хиперхидроза) и за еректилна дисфункција односно ботокс во пенис.

Ботоксот е неинванзивен третман, минимално некомфорен.

Се аплицира со многу тенка игла, без анестезија, а одредената доза се внесува на потребната регија. Воопшто не се приметува дека е работена некоја процедура, веднаш по инјектирањето. Почнува да делува постепено, дискретно, уште во првите неколку дена, а крајниот резултат се добива по 2 недели. Самиот третман трае 10-15 минути и не бара никаква припрема ниту пак време за опоравување.

Ботокс третман е најшироко употребуван термин за да се опише процедура на инјектирање на пречистен препарат на ботулинум токсин тип А, производ на бактеријата Clostridium botulinum – во третман на брчки.

Ботокс препаратот е одобрен во USA од FDA за естетско медицинско-козметичко користење во април 2002 година со ригорозни критериуми на контрола по безбедноста за здравјето на пациентите.

Не постои ниту еден face lifting (затегнување на лицето) кој може така фино, елегантно и потполно да ги испегла брчките како ботоксот. Како магија во рок од 3-4 дена по апликацијата, ќе гледате како постепено ви се „бришат“ брчките од челото, помеѓу носот, веѓите, околу очите и слично а со максимален ефект после 14 дена и конечниот резултат до 10 години помлади. 

Можете до недоглед да користите скапи креми и серуми, но прав и реален резултат можете да добиете само со ботокс.

Follow us on Instagram to stay up to date and see the latest trends.

@LABELLEZZA_CENTER

СОВЕТИ

НЕ СЕ ПРЕПОРАЧУВА:

Спиење минимум 4 саати, да не се изложувате на физички напор, наведнати положби, солариум, сауна, масажа, алкохол и секако истиот ден одбегнување на шминка.

ПРЕПОРАЧЛИВО Е:

Земање на Цинк од 50mg 5-7 дена пред и после апликација на ботокс заради подолг ефект.

КОЛКУ ТРАЕ ЕФЕКТОТ НА БОТОКСОТ?

Производителите се оградуваат на траење подолго од 3 месеца после кој период ефектот сосема природно и полека попушта, а тој период може да трае 4, 5 па и некогаш попуштање до 6тиот месец. Сепак времетраењето на ботоксот е индивидуален и зависи и од генетика (дебелина, тип на кожа, степен на брчките, возраста) и од стил на живот на личноста.

За нас

Нудиме комплетни прегледи за нашите клиенти со тим од специјалисти и врвни лекари. Дерматологија, естетска и медицинска козметологија, ласерски и ултразвук технологии.

Контактирај не

Boulevard Vidoe Smilevski Bato 3, Skopje

La Bellezza Center © Сите права задржани.