Најнова генерација хијалуронски филери – комплетно разградливи
Брзото темпо на живот доведе до голема популаризација на кратките и брзи, но и ефикасни процедури за подмладување како што е LIQUID LIFT со хијалурон. Хијалуронските филери се во употреба повеќе од 20 години и заедно со ласерите и ботоксот спаѓаат во најфреквентните естетски процедури.
Долготрајност, веднаш видлив резултат, а континуирана моќ на биостимулација на ткивото. Најнова генерација на хијалуронски филери – комплетно разградливи во телото, без да оставаат резидуи.
Големата популарност на хијалуронските филери на NEAUVIA се должи на нивната максимална безбедност – единствени филери со нула (0) пријавени “side effects” на глобално ниво, не предизвикуваат алергиски реакции, докажано безбедни и кај автоимуна болест како Хашимото!
Иновацијата која ја воведе NEAUVIA во хијалуронскиот филер ги направи “GAME-CHANGERS” на глобално ниво. Затоа ја добија и наградата за најдобар продукт и иновација во светот за 2024 година на AMWC Monaco, како и повторно во 2026та година BEST “Dual Core Technology” на истиот форум.
Прочитај го целосното портфолио на NEAUVIA и дознај се за нивните продукти.
PEG односно Polyethylene Glycol е многу познат полимер во фармацевтскиот свет, особено поради неговата уникатност и безбедност, а означува нова генерација на Smart Crosslinking Technology (SXT) во хијалуронските филери. “GAME-CHANGER” на пазарот кој креира поголема виско-еластичност на продуктите, поприроден изглед и единствен со комплетна разградливост во телото без да остава резидуи.
Во светската стручна медицинска литература се смета дека идеално време за почеток е со првите знаци на стареење на кожата и губењето на хијалурон.
Тоа се крајот на 20тите и почетоците на 30тите години, кога количините на хијалурон во кожата почнуваат да опаѓаат. Кога точно овој процес ќе се започне зависи и од генетиката, начинот на живот и личниот однос спрема себе и своето тело
Оптимално време да се започне со употреба на хијалуронски филери е појавата на првите фини линии (брчки) без разлика на годините. Раната детекција и превенција е полесна за корекција, дава подобри резултати кои траат долго.
Дермалните филери ги „лечат“ брчките, а со третман на самиот нивен почеток, се спречува и понатамошно продлабочување кое потешко се корегира.
Во Естетска дерматологија и Центар за убавина La Bellezza, докторите се обучени и сертифицирани од глобалната академија на Neauvia во Милано, Варшава и Дубаи. Neauvia е единствена глобална компанија со своја 24/7 достапна академија – Neauvia Channel – и свои сопствени центри низ повеќе локации во светот, како Варшава, Милано, Дубаи, Женева, Бангкок и Лондон.






Резултатот е моментално редуцирање до губење на брчките, а ефектот трае од 6 до 12 месеци. Сепак, резултатите се различни и зависат од староста, мимиките и состојбата на кожата. Но, бенефитот знае да трае многу подолго, односно квалитетот на кожата и ткивото да се видливо зајакнати и подобрени и после тој период.
ВАЖНО
Некому е потребен еден, а некому повеќе третмани до постигнување на целта!
Но, кога еднаш ќе се постигне посакуваниот резултат, доволно е еднаш годишно да се освежува лицето со многу помалку хијалурон од оној на почетокот.
Цената на хијалуронскиот филер е 12.000 денари за 1ml односно цел шприц.
Цената на процедурата зависи од количината на потрошен материјал.