Инјектибилни препарати за природно подмладување.
поради нивната способност да го подобрат производството на природен колаген и да го подобрат квалитетот на кожата со текот на времето.
(PLLA, Radiesse, CaHA, PDLLA, Karisma, Hydro Deluxe, пептиди, калциум хидроксиапатит)
(Полинуклеотиди, егзозоми, ПРП, Dermapen 4, Hydro Deluxe, Teoxane Redensity 1 “Baby Glow”)
(Hydro deluxe, Profhilo, хијалуронска киселина, Teoxane Redensity 1 “Baby Glow”)
Зошто се прават третманите за биоревитализација на лицето со биостимулатори?
Кожата со годините почнува да губи еластичност, капацитетот на телото за хидратација е намален, а со тоа станува сува – токму ова е првиот чекор кон појава на брчки.
Деколте, врат, лице, дланки, подочници и очни капаци, коса.
Резултатите се брзо видливи, а за полн ефект и долгорочен резултат, потребно е да се направат серија од најчесто 3 третмани во вкупен временски интервал од 3 до 6 месеци. Исклучок се Poly-L-Lactic Acid (PLLA, PDLLA, Radiesse, CaHA, Neauvia Stimulate) каде се повторуваат на една или две години.


Невкрстена хијалуронска киселина, збогатена со калциум хидроксиапатит (CaHA) и амино киселини L-Proline и Glycine. Дури 18mg/ml хијалуронска киселина односно 45mg хијалуронска киселина во еден шприц. Се користи за длабинска хидратација, зацврстување и подмладување на кожата со стимулирање на природното производство на колаген.
Се инјектира површно во дермисот/епидермисот за намалување на фините линии, подобрување на еластичноста, намалување на црвенила на лицето.
Регии на апликација: лице, особено добар за врат, но може да се аплицира и на дланки, колена и цело тело со цел посјајна, подебела и поцврста кожа.
Прв колагенски стимулатор кој се темели на Rh колаген тип I, карбоксиметил целулоза и хијалуронска киселина.
Нивната примена во естетската медицина е релативно нова, револуционерна во регенерација на кожата.
За разлика од хијалуронот кој хидрира и враќа волумен, егзозомите одат чекор понатаму – помагаат кожата сама да се регенерира.
ХИБРИДЕН Продукт – биостимулативен филер
Единствен продукт од ваков тип во категоријата – целосно разградлив во кожата, без да остава резидуи. Континуирана биостимулација од 6 до 12 месеци, а сепак веднаш видлив резултат и промена која трае.
Биостимулатор со двојно дејство: Корекција на изгубен волумен особено во долна и средна третина на лицето, како и колаген стимулатор за подобрување на квалитетот на кожата.
Радиесе содржи микросфери од калциум хидроксиапатит (CaHA) кој заедно со продуктите на база на Poly L Lactic Acid, се најмоќни биостимулатори.
За нас
Нудиме комплетни прегледи за нашите клиенти со тим од специјалисти и врвни лекари. Дерматологија, естетска и медицинска козметологија, ласерски и ултразвук технологии.