За разлика од од стандардниот ботокс кои се вбризгува во мускулите, микроботоксот се аплицира површно – интрадермално, во разблажена доза. Главната разлика со класичниот ботокс е во тоа што се добива природен лифтинг и освежителен изглед а не “замрзнато лице”.
Мезоботокс или microbotox последива година е еден од најпопуларните anti-age третмани!
За кои индикации е наменет и кои се придобивките од овој популарен третман наречен микро ботокс или мезо ботокс?
- Стеснување на проширени пори
- Кај масна кожа и кожа со акни – го намалува лачењето на себум
- За ублажување на фините брцки по цело лице
- Инстант затегнато лице со “GLOW” ефект
- За подобра текстура и тонус на кожата на лицето
- Кај опуштена кожа на образите
- Особено добра процедура кај РОЗАЦЕА
Процедурата е релативно брза. Се аплицира околу 20тина минути и е скоро безболна. Се изведува со многу мали и тенки игли, исклучиво од дерматолог.
Резултатите се видливи после неколку дена, првата недела лицето станува видно затегнато, а полниот ефект се постигнува после 2 недели и трае 3 до 4 месеци – во зависност од дозата.
Ботоксот во естетската медицина се користи скоро 30 години со цел да ги намали, ублажи или некогаш сосема да ги избрише брчките од кожата.

Порано како класични зони за апликација на ботокс беа горната третина на лицето, поточно челото, глабелата и околу очите. Новите времиња донесоа нови проширени апликации и во долната третина на лицето, DAO – депресорот на аглите на усните, долж вилицата или jawline, вратот и микроботоксот кои како мали интредермални болуси се нанесуваат дирекно во кожата и тоа како високо разреден ботулин во хомеопатски дози, ослободен од несакани ефекти.
Спаѓа во еден од побезбедните естетски процедури посебно кога е изведуван од стручни дерматолози и сертифицирани препарати. А уште побезбеден кога се аплицира со BOCOUTURE botox на Merz Aesthetics бидејќи е најпрочистен ботокс на глобално ниво кој исто така најмалку дифундира – многу важно со цел ботоксот да остане на местото на апликација во кожата, без миграциона дифузија.
Микроботкс е идеален избор за оние кои сакаат “филтер ефект во живо” без притоа да се изгуби природната мимика. Цена на третманот е 8.000 денари.
La Bellezza Center Skopje, over 35 years experience in skin, aesthetics & medical cosmetology.
www.LaBellezza.com.mk
+389 70 222 601 +389 75 222 601
Address: Vidoe Smilevski Bato 3, 1000 Skopje