Home Естетска козметологија Процедури AesPLLA – Најнова и најнапредна формула на филери (биостимулатори) со Poly L-Lactic киселина

AesPLLA – Најнова и најнапредна формула на филери (биостимулатори) со Poly L-Lactic киселина

0
AesPLLA – Најнова и најнапредна формула на филери (биостимулатори) со Poly L-Lactic киселина

Ла Белеца ви го претставува најновиот биостимулатор на колаген достапен на пазарот aesPlla®.

AesPLLA е препарат на база на поли-л-лактична киселина (PLLA) односно Poly L-Lactic Acid. Се работи за иновативна формула на биостимулатор чија намена е пополнување на изгубениот волумен и регенерација на кожата. Овие процеси се одвиваат преку активирање на максимално природна стимулација на колаген. Резултатите се долготрајни, а процедурата нема потреба да се повтори во наредните 2 до 3 години!

НАЈНОВА ГЕНЕРАЦИЈА НА КОЛАГЕНСКИ БИОСТИМУЛАТОР

Кога зборуваме за AesPlla®, тогаш се работи за напредна формула на веќе постоечка процедура. Последна генерација на продукт кој се аплицира на 2 начини: за биоревитализација на ткивото и/или за природна реставрација на волуменот.

Може да се аплицира на 3 регии: лице, врат и дланки. Наменет за двата пола, но особено добар за апликација кај мажи! AesPLLA е посебно погоден за машки, каде апликацијата на хијалуронски филери често и не изгледа така привлечно.

БИОКОМПАКТАБИЛЕН И РАЗГРАДЛИВ ПРОИЗВОД

Биостимулаторите и производите кои се биоразградливи и нудат комплетно природна стимулација се иднината на естетската медицина. Тие можеби не даваат веднаш видливи резултати како што се хујалуронските филери, но овие продукти се апсолутно биокомпактабилни и разградливi во нашиот организам, па затоа и резултатите кои се постигаат се секогаш природни.

Дали тоа значи дека ќе бидат замена за хијалуронските филери? Секако дека НЕ. И двата продукти имаат свои предности – едноставно, кој продукт е посоодветен да се аплицира, зависи од желбата на пациентот, но и проценката од специјалист дерматолог.

КАКО СЕ АПЛИЦИРА AesPLLA?

  • Се аплицира со канила и локална анестезија, на регии по избор/потреба или цело лице. Регии: Делови од лице, врат и дланки.
  • Биостимулаторниот филер содржи: poly-L-lactic acid (PLLA), carboxymethylcellulose, mannitol. Растворот мора да се подготви најмалку 3 часа пред самата апликација, но идеално 24 до 48 часа претходно. AesPLLA растворот останува стабилен за користење 72 часа.
  • По самото инјектирањето, PLLA ги активира фибробластите да стимулираат производството на колаген, а со тоа и веднаш да започне ефектот на обновување на волуменот изгубен поради процесите на стареење.
  • PLLA постепено се разложува во телото со текот на времето, биоразградувајќи се во вода и CO2.

За крај, овој биостимулатор е особено добар бидејќи процедурата нема потреба да се повтори во наредните 2 до 3 години! Цената на целата доза AesPLLA од 8ml (концентриран раствор за волумен) или 16ml (разреден раствор за подмладување) е 24.000 денари. Одличен препарат за во комбинација со ласери и апарати – но во тој случај, исклучиво потребна е консултација со дерматолог.