Мезо-конци: Идеална инвестиција во вашата кожа со цел навремена превенција на брчки и „опаѓање“, а доколку веќе проблемот е постоечки, повторно постои решение: PDO конци! Тие се метода која користи потполно резорбирачки конци кои се вбризгуваат на различни нивоа на вашата кожа, а делуваат одвнатре со комбинација од 4 методи: ревитализација, регенерација, зацврствување како и зајакнување на тонусот на кожата.
Материјалот од кој се изградени мезоконците со децении се користи во хирургијата. Тој е 100% разградлив, а деградацијата е долготрајна, до 6 месеци (200 дена). Стерилен е и ризикот од инфекција е минимален. Оваа иновативна техника може да се примени на сите делови на лицето и вратот, како и на многу делови од телото.
Дејството на конецот во кожата и поткожното ткиво е многукратно позитивно:
- го стимулира производството на нов колаген и еластични влакна
- го стимулира производството на хијалуронска киселина
- ја активира микроциркулацијата (подобро снабдување со кожата со кислород и хранливи материи)
Резултатите кои може да се очекуваат од мезоконците се прицврстување и затегнување, зголемување на волуменот, подигнување на тонусот на вратот и лицето, подобрување на квалитетот на кожата, како и ефект на полнење.
Ефектот на мезо-конците започнува моментално, а со нивната ресорпција доаѓа до формирање на нов колаген и еластин кој апроксимативно во период од 90-200 дена е формиран во дебелина од 1-3 милиметри, што и дава дополнителен зацврстувачки и ревитализиран изглед на вашата кожа на лице, врат, деколте, виснати надлактици, опуштен стомак и слично.
Кога сум добар кандидат за користењето на Мезо-конци?
- Со мезонитите може да се третираат следните регии на лицето: виснати образи и марионети, линијата на долната вилица, брадата, вратот и деколтето;
- Кога сакате подобрување на состојбата со дупки на лицето;
- Подобрување на благите брчки околу устието и брадата;
- Фини линии или брчки околу очите и на челото;
- Затегнување на кожата на лицето и добивање на сјаен, цврст и младолик изглед;
- Доколку имате разлабавена кожа особено на вратната регија, деколте, како и на околу градите;
- Доколку имате висечка кожа на било која регија на телото вклучувајќи абдомен, нозе, раце, тие помагаат во зацврстување;
- Затегнување на кожата после бременост или липосукција.
Што треба да знам за самата постапка и апликација?
- Амбулантска процедура: брза постапка, веднаш се враќате на секојдневните активности (освен при апликација на PDO конците);
- Атрауматска техника: без исекотини, лузни и речиси безболна,
- Безбеден третман: несаканите ефекти се минимизирани, нема алергиски реакции;
- Мезоконците се биокомпатибилни и комплетно разградливи;
- Со PDO конците, веднаш е видлив резултатот, а понекогаш и со мезо-конците;
- Идеални за комбинирање со други постапки како хијалуронски филери, ПРП, итн.
Во просек, 10 до 30 мезоконци се применуваат за еден третман, во зависност од состојбата на кожата на лицето. Поголем број на конци делуваат на посилна стимулација на колаген и ја зацврстуваат кожата како целина. Ресорпцијата трае околу 6 месеци, а со тоа и стимулацијата на колагенот додека пак резултатот може да трае и подолго, но повторувањето е пожелно во зависност од состојбата на кожата. Постојат повеќе вида на мезоконци, цените варираат од 500 до 700 денари од конец.
Третман со 4D МЕЗОКОНЦИ (PDO конци)
Покрај апликација на обични мезо-конци, постојат и специјални големи “PDO конци” кои се еден вид на хируршки конци. Тие се аплицираат под локална анестезија, на повеќе регии: лице, врат, стомак, раце, нозе. Конците освен што даваат арматура на кожата, дел од нив прават и класичен “lifting” односно подигнување и обликување на лицето. За разлика од обичните мезо-конци, ефектот на “lifting” со PDO се случува веднаш! Потоа, тие се разградуваат внатре на најприроден начин, а на местото на апликација се случува комплетна регенерација и ефект на зацврстена, подмладена кожа. Цената на PDO конците е 3.000 денари за еден. Најчесто се аплицираат шест (6) PDO конци, по 3 од страна.
ВОЗРАСТ ЗА АПЛИКАЦИЈА: Нема ограничувања за возраста. Идеални кандидати се жени и мажи на возраст од 30 до 60 години кои имаат опуштена кожа на средниот дел на лицето, вилиците, наведнати веѓи или губење на волуменот на кожата на лицето. Помладите пациенти кои сакаат промени на челото или образите, со опуштена кожа на вилицата се исто така одлични кандидати. Превентивно, сите оние кои сакаат да ги одложат знаците на стареење и да постигнат “stop the clock” ефект.
За повеќе информации, контактирајте не. Вршиме комплетни прегледи за нашите клиенти со тим од специјалисти и врвни лекари. Препорачуваме од најсовремени процедури до најосновните прилагодувања за долготрајни резултати. Дојдете да научите како да се борите против стареењето, иритациите, брчките и било кој останат кожен проблем.