Како што старееме, кожата станува потенка и дехидрирана. Количината на колаген и еластин во ткивото полека се исцрпува и на лицето се појавуваат брчки. Мезотерапијата се состои од микро-инјектирање на активни состојки, како што се хијалуронска киселина, хранливи материи и витамини, веднаш под површината на кожата (попрецизно, во површинскиот дермис).
Мезотерапијата со хијалуронска киселина поттикнува подмладување на кожата со зголемување на хидратација и активација на фибробласти, а со тоа се зголемува производството на колаген, еластин и хијалуронска киселина.
Во кои области се применува мезотерапија со хијалуронска киселина?
- Лице (образи, брада, чело)
- Вратот
- Деколте
- Дланки и раце
- Останати делови на кожата (по потреба)
- Исклучок се мезотерапијата за коса, стрии, како и мезотерапија за топење на масни наслаги
ВИДЕО: Како се аплицира процедурата и на кој начин делува хијалуронот.
Кои се придобивките од третманите со хијалуронска киселина со мезотерапија?
За време на третманот со мезотерапија, целата површина на кожата е исполнета со мали наслаги на хијалурон. Во следните седум дена, хијалуронските молекули постојано ги врзуваат молекулите на водата и кожата постепено станува хидрирана и сјајна. Ова и дава на кожата дополнителна влага и волумен, а со тек на време, дополнителна количина на колаген и еластин се синтетизира на природен начин.
- Препорачливи дози: Во регијата каде што се нанесува, препорачливо е да се повтори неколку пати, но не побрзо од 1 месец.
Третманите со мезотерапија со хијалуронска киселина длабоко ја хидрираат и ја подобруваат цврстината на кожата, така што се враќа сјајот, може да се подобри тонусот, делува за волумен и еластичност, но и подобрување на убавината на тенот. На овој начин, третманот ги намалува ефектите на стареење на кожата преку нејзино подмладување.
ДОКАЖАНА МЕТОДА – објавена и во списанието на Американската Академија за Дерматологија која 7ма година по ред е број 1 journal со Impact Factor во полето на дерматологија и естетска медицина.

Различни мезотераписки коктели се наменети за различни индикации:
- Подмладување на кожата
- Заштита на кожата од надворешни влијанија
- Ревитализација и длабока хидратација
- Хиперпигментации и против сензитивна кожа
- Намалување на ситните брчки и превенција за нивно настанување, уште подобро при комбинација со ласери и апарати
- Намалување на проширени пори
- Зајакнување и исхрана на влакното на косата
Мезотерапијата има силно анти-оксидативно дејство врз кожата и косата, а со тоа влијаие и на други витални ефекти. Како што на вашиот организам му требаат витамини и минерали, така и вашата кожа има потреба од нив. Антиоксидантите се силна потпора за нашата кожа и здравје!
Како се аплицираат мезококтелите?
Третманот се прави без анестезија. Болка нема, но можен е минимален дискомфорт. Пред третманот лицето се припрема со дијамантска микродермабразија и специјална маска за лице. Апликацијата на мезококтелите трае околу 10 минути, а во пост-терапијата се користи LED Light Laser Therapy. Целата процедура трае не повеќе од 30 минути. Дерматолог со прецизна техника и помош на најнежни иглички аплицира мезотераписки коктел во средниот слој на кожата – dermis – слој во кој ниту една крема за лице неможе да пенетрира. Вбризгувањето на сите овие супстанци токму во дермисот се неопходни за одржување на виталноста на кожата.
Дерматологот исто така го одбира и мезококтелот кој смета дека најдобро ќе одговори на состојбата на кожата, возраста и кој би дал најдобри резултати. Мезококтелите се препорачуваат подеднакво за мажи и жени, а возраста за да се започне со мезотерапија е уште во раните 20ти години како превенција на стареење на кожата и одржување на виталноста и квалитетот.
Третмани за лице во La Bellezza Dermatology & Laser Clinic: Вашиот “facial” третман во раце на дерматолог – прочитајте повеќе за нас или за третманите на лице кои ги нудиме.