Повеќе модули, за многу индикации: стандарден, мулти-пулс, дуал-пулс, long-puls технологија во едно – 20% поголем фокус на енергија од стандардните PICO ласери. Најмоќниот PICO ласер пристигна во Македонија.
Поголема ефикасност, висока прецизност, неверојатна брзина на ласерски удар. Директно од обуки на Европската Академија за дерматологија во Париз, најнова Корејска технологија со висока безбедност, брз период на опоравок, видливи резултати уште со првиот третман и помалку потребни сесии од стандарните PICO ласери.

За што се користи PICO ласерот и какви се индикации се третираат:
PICO Laser функционира со 3 бранови должини: 1064nm 755nm и 532nm односно во пикосекундни интервали (еден-трилион од секунда, 10-12 seconds). Оваа брзина на пренос на ласерска енергија помага да се спречи обемно термичко оштетување на кожата и е дизајниран за прецизно таргетирање и третирање на проблеми пред се со пигментации и тетоважи, но и општа рејувенација на кожата и намалување на себумот. Овој уред нуди пократок период на закрепнување во споредба со стандардните ласерски третмани.
Skin brightening модул: 4.000 денари сесија – за изедначување на тонот на кожата, чиста и сјајна кожа односно “glow skin” ефект, секаков вид на флеки, дамки.

Carbon Peel модул: 3.000 денари – ласерски пилинг за детоксификација, рејувенација, “Holywood glow”, контрола на акни
Тетоважи и пигментации (модул за ласерско отстранување на тетоважи)– од 3.000 денари па нагоре по сесија, во зависност од големината на тетоважата – отстранување на тетоважи и секаков вид на пигментации, најмоќен ласер во ова поле.

Skin Brightening модул, Тетоважи и сите видови на пигментации
Во PZU & Beauty Center La Bellezza нудиме врвна технологија со уште подобри резултати, ласер без болка, со видливи резултати уште од првиот третман: почиста, посвежа, блесната кожа благодарејќи на најновата генерација Nd:YAG ласер со пикосекунден импулс, развиен да постигне висока ефикасност и прецизност, а притоа максимална сигурност за кожата. Брз опоравок, без downtime, за сите што сакаат кожа без пигментни флеки, дамки, хиперпигментации од секаков вид, вклучително и Мелазма (Melasma). За разлика од најголем дел светски технологии на PICO Laser со само 2 бранови должини (1064nm и 532nm), нашиот пико ласер нуди трострука бранова должина од 1064nm, 755nm и 532nm, а на тој начин добивате безболна процедура која пенетрира на сите нивоа на кожата, минимален опоравок од не повеќе од 1 ден, а притоа брзи резултати.
Колку сеанси со ласер се потребни да се направат за да се дојде до резултат?
Бројот на третмани зависи од индикацијата – во просек од 3 до 5 третмани во интервали од 2 до 4 недели, а некогаш и 6 до 8 недели (кај тетоважи, Мелазма). Во случаи како отстранување на тетоважа или мелазма, некогаш се потребни и повеќе сесии односно ласер сеанси. Индикации: старечки пеги, пеги од сонце, флеки, проширени пори, рејувенација на кожата, изедначување на тенот, хиперпигментации, тетоважи, мелазма.

Carbon Peel – за детоксификација, рејувенација
Брз, ефикасен модул, со повеќе намени а без време на опоравок! Веднаш по третманот се враќате на секојдневните активности.
Покрај детоксификација и општа рејувенација на кожата, Carbon пилинг модулот се користи и за намалување на себум и контрола на акни – одличен за кожа склона кон акни. Намалувајќи ја масноста на кожата, заедно со продукт за нега и/или дерматолошки третман на лице – значително го намалува обемот на исфрлување. Испробајте го нашиот дерматолошки третман со завршен Carboon Peel ласер, 4.000 денари.
ОТСТРАНУВАЊЕ НА ТЕТОВАЖИ
Прецизно отстранување на несакани тетоважи од широк спектар на боја и мастила, со минимален несакан ефект поради самата трислојна технологија која е 3 пати посилна, скоро дупло побрза од останатите стандардни PICO ласери на глобалниот пазар, а со тоа нуди и побрзо време на опоравок. Резултат при отстранување на тетоважи има уште со првиот третман, но потребни се 5 или повеќе третмани на разлика од најчесто 6 недели. На овој начин се олеснува процесот за остранување на тетоважи многу поефикасно од старите Q-switch и пико ласер технологии каде потребни се 10, 15, 20 третмани.