Најново во PZU & Beauty Center La Bellezza: ПЛАЗМА Fibroblast технологија развиена од MatexLab & NEAUVIA. Најмоќен уред на пазарот, одобрен од американската FDA како апарат за микро електрохирургија, погоден за работа во дерматологија, козметолошка и естетска медицина како и пластична хирургија. Познат во светот и како Fibroblast facial.
Зошто овој уред е различен од другите обични козметички Плазма апарати?
Plasma IQ е уред со стабилен генератор кој обезбедува контролирана сублимација на кожата, работи со 4 различни нивоа на моќност, нудејќи софистицирана прецизност, безбедност (најважно!) и комфорт при третман, со максимално редуцирано време на опоравување.

Plasma IQ на NEAUVIA е специјално дизајниран и одобрен од американската “FDA” агенција за естетски процедури и третмани за подигање на очните капаци и кожата околу очите, особено таму каде што се бара прецизен удар и контракција (насобирање) на кожата. Оваа иновативна технологија нуди докажано безбедна, минимално инвазивна алтернатива на блефаропластика, со одлични клинички докажани и објавени резултати.
Регии и индикации во естетската медицина: Очни капаци и околу очна регија, лузни од секаков вид, пушачки бори, бори, брчки и фини линии на целото лице, врат и тело, насобрана и вишок кожа на било кој дел од телото. Исто така, може да се користи и за многубројни останати медицински индикации како бенигни израстоци на кожата, ксантелазма и слични состојби.
Слика BEFORE & AFTER: 30 дена после Plasma Fibroblast Facial третман на очни капаци, околу очна регија, среден дел од лице со долна третина на лице (брчки околу усните/брада), а ден 30 додаден и хијалуронски филер на усните.

Плазма енергијата, четврта состојба на материјата, се создава кога јонизиран гас се испушта помеѓу врвот на уредот и површината на кожата. Оваа плазма енергија ги сублимира површинските ткива на кожата без директен контакт, предизвикувајќи супер-контролирана микроповреда. Резултатот е моментална контракција на третираното ткиво, активирајќи ги природните механизми за лекување на кожата и каскадата на процесот на неоколагенеза.
Какви ефекти да очекувам и за што се користи плазмата на Neauvia?
Површен ефект– со процес на сублимација, ретракција и затегнување на кожата, може да се подобрат сите видови на брчки дури и тие најрезистентните како надусници, капаци на очи, подочник и околу очи, глабела или било кој останат дел на лицето.
Длабок ефект – во исто време, топлотна енергија се пренесува во дермисот, а на тој начин се прави термално ремоделирање на колагенот, слично како со CO2 ласерот, само со помал период на опоравок – третман познат како FIBROBLAST facial на глобално ниво.
Погледнете ги сликите ПРЕД и ПОТОА кои се продолжение од претходните: Околуочна регија (фини линии, бори, текстура), како и целосна текстура и фини линии во региите околу усните и брадата (на усната е додаден и хијалуронски филер):

Долготраен ефект – со оглед на тоа што со овој уред тригерираме неоколагенеза, природен опоравок на ткивото, како и козметички исход (видлив) кај брчките, резултатите после неколку сесии се долготрајни, а кожата и со години и години може да остане во подобра состојба од првичната. Со самото тоа, индикациите во естетската медицина се:
- Вишок кожа на горни капаци, подочник – горна и долна нехируршка корекција како и решавање на вишокот кожа.
- Брчки од секаков вид, на секој дел од лице но и телото
- Пациенти со “crow’s feet” брчки кои одбиваат ботокс
- Стрии, но и лузни од секаков вид, особено лузни локализирани од акни
- Одличен уред за комбинација со други неинвазивни процедури и ласери
Во ПЗУ и Центар за убавина Ла Белеца, третманите се работат исклучиво од специјалист по Дерматовенерологија и Естетска медицина. Дел од нашите обуки за Плазма технологијата и ласерите и апарати на Neauvia во тренинг центарот на NEAUVIA во Дубаи (HANDS-ON), обука во технолошката подготовка на апратот во MatexLab Варшава, Полска.
