Не е ботокс, не е класичен филер, а сепак основната компонента е слична. Слична, но комплетно различна во дејство, апликација и начин на функционирање. Овој продукт е на светскиот пазар веќе некое време, но не и во Македонија.
„Кога прв пат видов тренинг со Профило, веднаш реков: Тоа е тоа што ми недостасуваше!“ – вели познатата блогерка Д-р Сара Тонкс од Лондон. Потоа ќе додаде: „Профилото е хијалуронска киселина која не е со cross-linked состав како што се останатите. Тие се специјализирани за да останат на местото на апликација за да пополнат усни, брчки и останати неправилности. Профилиото е нешто сосема друго“.
Формула која се разложува низ целата регија: Како стабилизиран производ Profhilo® активно дејствува во кожата околу 28 дена. За ова време, стимулацијата на 4 различни типа на колаген и еластин се одвива со бавно ослободување на хијалуронска киселина.
За разлика од класичните филери за уста, брчки и останато кои примарно се користат за волумент, овој хијалурон (Профилио) не е за таа намена! Напротив, наместо додавање на волумен на местото на апликација, профилиото се разложува низ целата околна регија и пенетрира во секоја микро-структура во кожата, односно се користи за биостимулација. Профилио содржи инзворедно висока концентрација на хијалуронска киселина (64mg/2ml). Класичните филери се со композиција од 23 до 25mg/ml. Покрај интензивна хидратација на кожата, стимулира продукција на фибробласти, кератиноцити и адипоцити.
Се аплицира само на 5 точки (слика)! При инјектирање, пред се ја врзува водата во ткивото. Секундарно влијае врз стимулација на продукција на колаген и еластин на местата каде што се аплицира. На тој начин, се подобрува површната текстура на кожата, а влијае и во дермисот. Тоа во симплифициран превод би значело: подобра хидрација и сјај, повеќе светлечки изглед и свежина во изгледот. Исто така, подобрување на внатрешната состојба на брчките како на приказнот од сликата.
- Важна карактеристика се должи на високата кохезивност на PROFHILO®. Поклонете си длабока пенетрација на хијалурон со оптимален капацитет на интеграција на ткивата.
- Ремоделирање на екстрацелуларен матрикс.
- Зајакува еластицитет, поддршка на потпорното ткиво и совршена блескавост на лицето.
- Стимулира 4 различни типа на колаген и еластин.
- Наменет за отклонување на брчките од внатрешноста на кожата
- Користи нова NAHYCO технологија на дејствување. Иновативен термален продукт.
- Одржува здрава средина за стимулација на кератиноцитите, адипоцитите и фибробластите.
- Специјална формула со способност да тече рамномерно низ целата анатомска состојба. Хомогено се проширува.
- Интензивна хидратација на цело лице или врат.
ПРЕПОРАЧАН ТРЕТМАН ОД СВЕТСКИТЕ БРЕНДОВИ КАКО VOGUE, THE TELEGRAPH, GRAZIA, TATLER, BAZAAR…
Времетраење на третман: Не повеќе од 20 минути.
Анестезија: Не се користи.
Болка: Не, но се чувствува како топлина на точките на апликација.
Пост-третман: Се појавуваат како набабрени отоци на местата на апликација (5те точки), но за 12 до 24 часа се повлекуваат.
ВИДЕО: Како делува новата формула на Profhilo®
КАКО СЕ АПЛИЦИРА ПРОФИЛО? Пред се, треба да се знае дека различна е апликацијата на лице, врат и тело.
ВРАТ: Се аплицира на 10 специфични и точни места на лицето. Овие 10 точки ги идентификуваат најдобрите анатомски области за да го минимизираат ризикот за време на процедурата истовремено максимизирајќи ја дифузијата на производот.
ЛИЦЕ: Кликни за повеќе – ПРОФИЛИО: Апликација на лице!
Историјат на третманот со Профилио
Прв пат употребен во Италија во 2015та година. Тестиран меѓународно пост 2016та година. До 2018 година, направени се 500.000 апликации низ светот, а веќе од 2019та година станува хит во светот. 2020та е година за Македонија! Бидете меѓу првите и поклонете си вистински лукзус за вашата кожа на лице или врат.
ЦЕНА: 300 евра за еден третман.
ПРОМОЦИЈА: 500 евра за два третмани кои се прават на разлика од 1 месец.
Како се користи? Доволно е апликација еднаш во годината.
ПРОФИЛИО препаратот е добитник на следните награди: Best Skin Enhancement Product, Aesthetic Awards – the Barry Knapp award for product innovation of the year & Aesthetic Winner – The Aesthetic Guide/THE Aesthetic Industry Award.