ULTHERA, ULTRAMAGE: HIFU со МИКРОфокусиран наместо фокусиран ултразвук

0
3509

Пратејќи ги светските трендови и најнови научни достигнувања, Ла Белеца центар континуирано инвестира труд и време за нашите клиенти да имаат пристап до најсовремените технологии во естетската и antiaging медицина. ХИФУ (HIFU) како технолошка иновација, први ја донесовме во Македонија уште во далечната 2018 година, а почнавме со работа на почетокот на 2019 година. Во меѓувреме, техниката се надградуваше, но не се промени. Сега, ви претставуваме променета и адаптирана верзија на ХИФУ, најнова технологијата – Ulthera/Ultramage HIFU: МИКРОфокусиран ултразвук со висок интензитет, наместо досегашниот фокусиран ултразвук.

Што е разлика меѓу 3D, 4D, 7D HIFU?

Разлика во технологијата нема. Едноставно се работи за различен број на глави (рачки) при работа, но со една мала промена: рачка (глава) од 2mm која претходно не беше достапна. Сепак, сега е во прашање и различна технологија, односно Ulthera/Ultramage – софистициран HIFU со промена на ударот на високо фокусираниот ултразвук – сега микрофокусиран ултразвук (HIFU, high intensity MICROfocused ultrasound со различен начин на удари – побрз, потесен, поефикасен).

НОВАТА ТЕХНОЛОГИЈА ГО ПРОМЕНИ И ВРЕМЕТО НА ДЕЛУВАЊЕ!

Овој третман (исто како и претходното ХИФУ) претставува најмодерна, но унапредена технологија на високо фокусиран (микрофокусиран) ултразвук кој продира до слоеви на кожата каде што претходно ниту една друга машина во естетската медицина не успеала да допре. Микрофокусираниот ултрарзвук доведува до стварање на топлотен ефект испод кожата, а на тој начин се убрзува природниот процес во вашето тело кој е задолжен за создавање на нов и свеж колаген. Затоа, сега оваа процедура може да се повтори на 3, наместо на досегашните 6 месеци. Тоа е така, бидејќи како што напоменавме погоре, оваа усовршена ХИФУ процедура успева дупло побрзо да ги активира процесите на создавање на нов колаген и комплетна регенерација.

НАЧИНОТ НА ФУНКЦИОНИРАЊЕ Е СЛЕДЕН:

1.На сликата е претставен како изгледа стар и оштетен колаген (1) и како треба да изгледа здрав, нормален колаген (4). Колагенот е основна компонента која ја држи структурата на кожата и делува како еден вид „арматура“.

2.Удар од фокусиран ултразвук со висок интензитет продира во неколку слоја од кожата и го удира односно „уништува“ стариот и оштетен колаген кој е нефункционален. Доколку тој колаген не се уништи, вашето тело нема да создаде нов и функционален колаген односно и да создава, тој процес ќе се одвива многу споро и со слаб интензитет. Во меѓувреме, кожата ќе старее, тонусот ќе паѓа.

Начин на делување на ХИФУ-то: Продукција на нови фибробласти (клетки) од кои потоа се формира нов, свеж, регенериран колаген.

3.По уништување на старите и оштетени мрежи, веднаш на местото на ударот со ХИФУ мигрираат нови клетки од кои се создаваат фибробласти (fibroblasts).

4.Фибробластите се насадуваат на местата на оштетување, активираат процеси на регенерација и започнува создавање и плетење на нови колагенски мрежи бидејќи фибробластите се основна клетка од кои се создава новиот колаген. На тој начин, кожата се подмладува, тонусот се зацврстува и може да се добие ефект на лифтинг. Исто така, понатамошното опаѓање и стареење на кожата во тие регии се одложува, бидејќи ја зајакнуваме со сосема ново потпорно ткиво.

Што да очекувате од ХИФУ терапијата?

  • Пенетрација до SMAS, Superficial muscular aponeurotic system (мускулно-апоневротичен слој) кој е одговорен за ремоделирање на колагенот и контракција на еластичните влакна, т.е. со помош на стимулација од ХИФУ апаратот, се постигнува обнова на колагенот како и производство на нов колаген.
  • НАПОМЕНА: SMAS е слој кој досега ниту еден препарат за не-хируршки face-lifting не го достига со дејство!
  • Времетраењето на терапијата може да е од 20 минути до 1 час, во зависност од регијата на третман.
  • Резултатите се долготрајни, а понекогаш промените се гледаат многу брзо.
  • Крајниот резултат можете да го забележите после 45 до 90 дена, а некогаш и до 6 месеци, а времетраењето на крајниот резултат може да трае и до 2 години што е исто така недостижно со претходни процедури!
  • Третманот може да се повтори на 3 месеца, но не повеќе од 3 до 4 пати во 2 годишен период.
  • HIFU третманот е со мал дискомфорт (нема класична болка) и не е потребна анестезија. Нивоата на енергија се различни, а пациентот се третира со енергија до која се чувствува комотно.
  • После третманот, кожата може да биде благо зацрвенета, но по неколку часа црвенилото ќе се повлече и можете да се вратите на секојдневните активности. Може да ја чувствувате регијата на која се работело внатрешно затегната, како после вежбање. Секако, тоа е моментално чувство кое може да трае неколку часа до неколку дена.
  • HIFU терапијата не го оштетува епидермисот на кожата!
  • Може да се комбинира со други медицински третмани, но напоменуваме дека препарати како хијалуронски филери, ботокс и мезо конци не треба да бидат аплицирани непосредно пред терапијата со ХИФУ!
  • HIFU третманот е многу погоден за кожа која има изразени знаци на стареење како паднат тонус, изразени брчки, спуштена и висната кожа, но исто така и за слоеви на масни наслаги околу подбрадокот.
  • HIFU SLIMMING програма: ХИФУ има посебна програма за стомак, раце, нозе и задник односно сите регии на телото каде што имаме проблем со вишокот на масни наслаги и висната кожа (надлактици, стомаче после породување или нагло слабеење, “love handles”, околу колена, итн).
  • HIFU терапијата дава одлични резултати за познатата состојба на вратот позната како “Turkey neck” и за затегнување и подмладување на кожата на деколтето.
  • Наменет е за двата пола подеднакво!

HIFU методата е едно задоволство односно инвестиција во себе, која секој треба да ја направи. Како мажи, така и жени.

ЦЕНОВНИК ЗА ХИФУ: Лице, врат и деколте (HIFU skin) & Стомак, раце, нозе (HIFU Slim & body)

ЦЕНОВНИК ЗА ХИФУ: Стомак, раце, нозе (HIFU Slim & body)

HIFU SLIMMING програма: ХИФУ има посебна програма за стомак, раце, нозе и задник односно сите регии на телото каде што имаме проблем со вишокот на масни наслаги и висната кожа (надлактици, стомаче после породување или нагло слабеење, “love handles”, околу колена, итн).

La Bellezza Center Skopje
30 years experience in skin, aesthetics & medical cosmetology.
www.LaBellezza.com.mk & [email protected]+389 70222601 +389 75222601
Address: Vidoe Smilevski Bato 3, 1000 Skopje