Мезотерапијата е минимално инвазивна anti-aging метода која се состои од вбризгување на различни коктел од амино киселини – хијалуронска киселина, нијацинамид, фолна киселина, млечна киселина, спектар од витамини, минерали, пептиди, церамиди и разни билни екстракти неопходни за длабинска хидратација, ревитализација и здрава кожа и коса.
Различни мезотераписки коктели се наменети за различни индикации:
- Подмладување на кожата
- Заштита на кожата од надворешни влијанија
- Ревитализација и длабока хидратација
- Хиперпигментации и против сензитивна кожа
- Намалување на ситните брчки и превенција за нивно настанување, уште подобро при комбинација со ласери и апарати
- Намалување на проширени пори
- Зајакнување и исхрана на влакното на косата

Мезотерапијата има силно анти-оксидативно дејство врз кожата и косата, а со тоа влијаие и на други витални ефекти. Како што на вашиот организам му требаат витамини и минерали, така и вашата кожа има потреба од нив. Антиоксидантите се силна потпора за нашата кожа и здравје!
Како се аплицираат мезококтелите со витаминска терапија?
Третманот се прави без анестезија. Болка нема, но можен е минимален дискомфорт. Пред третманот лицето се припрема со дијамантска микродермабразија и специјална маска за лице. Апликацијата на мезококтелите трае околу 10 минути, а во пост-терапијата се користи LED Light Laser Therapy. Целата процедура трае не повеќе од 30 минути. Дерматолог со прецизна техника и помош на најнежни иглички аплицира мезотераписки коктел во средниот слој на кожата – dermis – слој во кој ниту една крема за лице неможе да пенетрира. Вбризгувањето на сите овие супстанци токму во дермисот се неопходни за одржување на виталноста на кожата.
Третмани за лице во La Bellezza Dermatology & Laser Clinic: Вашиот “facial” третман во раце на дерматолог – прочитајте повеќе за нас или за третманите на лице кои ги нудиме.
Дерматологот исто така го одбира и мезококтелот кој смета дека најдобро ќе одговори на состојбата на кожата, возраста и кој би дал најдобри резултати. Мезококтелите се препорачуваат подеднакво за мажи и жени, а возраста за да се започне со мезотерапија е уште во раните 20ти години како превенција на стареење на кожата и одржување на виталноста и квалитетот.
Третманите за лице и кожа во Ла Белеца дерматологија се изведуваат исклучиво страна на естетски дерматолог или под надзор на дерматолог. Комбинираме врвни препарати и современа апаратура за здрава и сјајна кожа. Препаратите кои ги користиме се од врвни професионални медицинско-козметички линии, а со дополнителната примена на апаратура од најсовремена модерна технологија и во раце на професионална услуга и искусен дерматолог, се гаранција за вашата убавина, здравје и инвестиција.
