dermapen

Dermapen – најнов и револуционерен micro-needling на контролирано создавање на микро повреди во кожата која предизвикува цела каскада на настани кои резултираат со стимулурање на ослободување на фактори на раст, што предизвикуваат нови синтези на колаген и еластин кои пак имаат за цел да ја обноват, заздрават и подмладат кожата.

DERMAPEN – Одсега достапен и во Ла Белеца центарот

Процесот на ремоделирање и резултатите може да се видат во рок од една недела или дури за само неколку дена, но тоа продолжува и со месеци по секој третман со Dermapen-от.

Дермапенот се користи за лекување и видно подобрување на изгледот и состојбата на:
  • Фини брчки, пушачки брчки над усни, околу очи, чело, врат и деколте
  • Хируршки лузни, лузни од траума, лузни од изгореници, лузни од акни
  • Стрии на градите и телото и лабава кожа на тело
  • Затегнување на кожата, намалување на големи, проширени пори
  • Пигментации
  • Подобрување на состојбата на скалпот и раст на коса
Колку третмани со ДЕРМАПЕН се препорачува за подмладување, за акни, лузни или стрии?
  • ПОДМЛАДУВАЊЕ: 4-6 третмани, еден третман на 4 недели
  • АКНИ и ЛУЗНИ: 6 третмани, еден третман на 6 недели
  • СТРИИ: 4-8 третмани, еден третман на 4 до 6 недели
  • РАСТ и РЕГЕНЕРАЦИЈА НА КОСА: 6 до 12 месечен третман, а најдобри ефекти во комбинација со ПРП метода

За оптимални резултати препорачуваме период на ефективни активни креми како витамините A, C или Resveratrol & Procyanid.

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

1.Дали е безбеден ДЕРМАПЕНОТ?

Постапката е минимално инвазивна, а процесот на лекување е брз.

2.Дали има несакани ефекти или ризици поврзани со ДЕРМАПЕН?

Несакани ефекти со Дермапен обично се губат во рок од 24-48 часа. Тие вклучуваат црвенило, пецкање, чешање и затегнатост на кожата. Тоа е нормално и очекувано и е само процес со кој кожата се прочистува од отровите.

3.Може ли третманот со Дермапен да се комбинира со хемиски пилинг на кожата?

Општо земено, одговорот е ДА, и тоа може да биде добра комбинација на третмани на секои 3 недели.

4.Колку чини еден третман?

Цената на еден третман е 3.000 денари

ПОСТАПКА

 Постапката трае од 20 – 30 минути за целото лице, врат и деколте. Третманот започнува со локален анестетик-крема која се нанесува на кожата на клиентот за да се обезбеди речиси безболно искуство. За обновување и побрзо заздравување на кожата на нашите пациенти ние секогаш користиме и третман со PDT / LED светла.

Дермапенот може да се користи само од ДЕРМАТОЛОГ!

Видео: Процедура на Работа и Начин на Делување

La Bellezza Center 
Естетска Дерматологија, Медицинска Козметологија и Туристичка Агенција
Адреса 1: булевар Видое Смилевски Бато број 3 – Туристичка Агенција
Адреса 2: булевар Видое Смилевски Бато број 7 – Естетска Дерматологија и Медицинска Козметологија
Телефон: +389 2 2430 432 / +389 70 222 601 / +389 70 268 009
Е-mail: info@labellezza.com.mk