Sunday, October 6, 2024
spot_img
домаНовости и БлогБлог и ЗанимливостиLOWER FACE FILLERS: Контурирање на долна третина на лицето

LOWER FACE FILLERS: Контурирање на долна третина на лицето

Фацијалните карактеристики се силен показател за полот. Затоа, веднаш може да разликуваме маж од жена. Секако, некои делови се поизразено различни, други пак можат да бидат и слични. Една од региите кои треба да се изразено различни е долната третина на лицето (вилицата и брадата) позната и како lower face – jawline & chin. Анатомски, во овој дел од лицето, мажите имаат изглед повеќе како “квадрат” со јасно изразена брада и вилица со силна проекција, додека пак женските бради имаат позаоблен изглед, а линијата на вилицата убаво е да е дефинирана но не треба да е многу силно исцртана и изразена како кај мажите.

Една од најдобрите комбинации за подобрување на долната третина од лицето се процедури за подобрување на квалитетот на кожата, зајакнување на ткивото, а потоа и комбинација на умерена доза на хијалуронски филери со цел да не се излезе од природните контури кои некогаш во младоста сме ги имале.

СЛИКА 1: Контурирање на брадата кај постара пациентка и техника за обновување на зоната кај средниот дел од лицето, без да се излезе од природните анатомски контури. Дополнително, на половина од лицето е инјектиран биостимулатор, вклучувајќи го и работ на вилицата – апликација на PLLA (Poly-L-Lactic Acid) 6 недели пред апликација на филери (hyaluronic acid dermal filler), со цел да се врати помладиот изглед, да се даде сјај на кожата и да се подобри севкупниот квалитет.

Пределот на долното лице односно “lower face” е регија каде знаците на стареење се најтешки за корекција, особено доколку се задоцни. Истото важи и за вратот. Најчесто, на овие регии потребни се повеќе интервенции и постапно.

СЛИКА 2: Подобрување на квалитет на кожа со интензивни хидрататори за кожата, зајакнување на ткивото со ултразвук и колагенски стимулатори, но и контурирање со умерена доза на филери со цел да не се излезе од природните контури кои некогаш во младоста сме ги имале.

  • Процедурата се прави подеднакво и кај мажи и жени, но таргетот на изглед е различен;
  • Регии на работа на lower face: Вилица, брада и останати придружни регии;
  • Процедурата се прави подеднакво и кај мажи и жени, но таргетот на изглед е различен.

КОГА Е ВИСТИНСКО ВРЕМЕ ЗА ФИЛЕРИ?

Во светската стручна медицинска литература се смета дека идеално време за почеток е со првите знаци на стареење на кожата и губењето на хијалурон. Тоа се крајот на 20тите и почетоците на 30тите години, кога количините на хијалурон во кожата почнуваат да опаѓаат. Кога точно овој процес ќе се започне зависи и од генетиката, начинот на живот и личниот однос спрема себе и своето тело. Сепак, нема долна граница на употреба! Оптимално време да се започне со употреба на хијалуронски филерии е појавата на првите фини линии (брчки) без разлика на годините. Раната детекција и превенција е полесна за корекција, дава подобри резултати кои траат долго. Дермалните филери ги „лечат“ брчките, а со третман на самиот нивен почеток, се спречува и понатамошно продлабочување кое потешко се корегира.

Постојат повеќе од 10 различни процедури за обновување на квалитетот на кожата специфично во овој предел на лицето, но кај нив таргетот не е корегирање на загубата на волумен, туку зајакнување на квалитетот на кожата. Такви процедури може бидат PLLA односно poly-L-lactic acid, Profhilo, CO2 ласер, мезо-конци, PDO/COG конци, PLLA & HA конци, биостимулатори и биомолекули и слично. За повеќе информации, како и детален план за вашиот кожен проблем, закажете преглед. Прегледите се вршат најчесто заедно од специјалист по Дерматологија со повеќе од 30 години искуство во естетската медицина и специјализант по Општа Хирургија.

Цената на процедурата зависи од количината на потрошен материјал. Цената на хијалуронскиот филер е 200 евра за 1ml односно 240 евра за цел шприц 1,2 ml.

 La Bellezza Center Skopje, over 32 years experience in skin, aesthetics & medical cosmetology.
 www.LaBellezza.com.mk & [email protected]
 +389 70 222 601  +389 75 222 601
 Address: Vidoe Smilevski Bato 3, 1000 Skopje 

RELATED ARTICLES
- Advertisment -

Most Popular