Tuesday, March 19, 2024
spot_img
домаНовости и БлогБлог и ЗанимливостиAnti-Aging коктели за „Camera Ready„ “ изглед

Anti-Aging коктели за „Camera Ready„ “ изглед

Мезотерапијата е меѓу поновите трендови за нега на кожа, се користи за регенерација, рејувенација и како и луксузно одржување на кожата. Се аплицира на проблематичните регии на телото, а пред се на лицето и вратот,а може и на дланките. Таму каде што најбрзо старееме. Се аплицира коктел од различни лекови, витамини, минерали и други активни супстанци во кожата и сврзното ткиво.

Од Париз, Франција, па се до Америка: Омилена anti-aging метода на познатите!

1.Совршениот грб на Кети Пери (Katy Perry)

Според Dailymail UK, совршениот грб на Кејти Пери за време на еден од нејзините настапи на Grammy’s awards е благодарение на редовно користење на мезотераписки коктели. Овој тренд на инјектирање коктел од разни состојки и витамини директно во телото, го продолжија и многу други ѕвезди како Џенифер Анистон, Кара Делавињ и поп ѕвездата Ријана, потврдува еден од најголемите интернет портали во целиот свет, Dailymail.

Извори од DailyMail UK, тврдат дека голем дел од познатите личности ја преферираат оваа процедура повеќе од било која останата. Особено кога доаѓаат „сезоната на награди“ и „сезоната на црвениот тепих“. Тоа го прават затоа што резултатите од мезотерапијата се суптилни, но забележителни и видливи.

2.Тајната на убавината на Карла Саркози – жената на поранешниот француски претседател!

Според ELLE (еден од најпознатите модни портали), витаминската мезотерапија е прв избор и на жената на екс претседателот на Франција, Карла Саркози. Овие природни инјекции кои ја освежуваат и возобновуваат структурата на кожата се нешто што мора да го проба секоја жена после навршување на четвртата декада од животот.

Мезококтелите нудат сеопфатна рејувенација и регенерација на кожата. Добивате прекрасен сјај и свежина на самиот ден од третманот, како и во периодот што следи. Овие коктели стимулираат пред се интензивна нутриција и ревитализација на кожата и ткивата, делуваат против целулитот и масните клетки, имаат силно анти-оксидативно дејство, ја хидрираат кожата и многу други витални ефекти.

Како се аплицираат мезококтелите со витаминска терапија?

Третманот се прави без анестезија. Болка нема, но можен е минимален дискомфорт. Пред третманот лицето се припрема со дијамантска микродермабразија и специјална маска за лице. Апликацијата на мезококтелите трае 15 минути, а во пост-терапијата се користи ЛЕД-ласер. Целата процедура трае 30 минути. Цена: 2.000 денари.

Како што на вашиот организам му требаат витамини и минерали, така и вашата кожа има потреба од нив. Антиоксидантите се силна потпора за нашата кожа и здравје!Процедурата се одвива така што се инјектира коктел од Витамини А, Б, Ц и Е, амино киселини, ензими, минерали, еластин и навлажнувачка хијалуронска киселина во средниот слој на кожата – мезодерм.

Неколку факти за витамините и нивната улога на кожата: 

  • ВИТАМИН А: ⁣Го поправа оштетувањето на ДНК
  • ВИТАМИН Б: ⁣Ја подобрува текстурата на кожата
  • ВИТАМИН Ц: Го осветлува и изедначува тенот на кожата и го зајакнува колагенот
  • ВИТАМИН Д: ⁣Го намалува воспалението на кожата
  • ВИТАМИН Е: Лечи и хидрира
👩‍⚕️ La Bellezza Center Skopje, over 29 years experience in skin, aesthetics & medical cosmetology.
➡️ www.LaBellezza.com.mk & [email protected]
☎️ +389 70 222 601 📞 +389 75 222 601
➡️ Address: Vidoe Smilevski Bato 3, 1000 Skopje 
➡️ Skin, Skincare, Beauty & Cosmetics
RELATED ARTICLES
- Advertisment -

Most Popular