Friday, December 6, 2024
spot_img
домаЕстетска козметологијаПроцедуриDermapen 4 за прв пат во Македонија

Dermapen 4 за прв пат во Македонија

Кога ќе прочитате dermapen односно дермапен 4, веројатно и првата помисла ќе ви биде дека ова ви е веќе познат третман кои многу често го слушате или веќе сте го практикувале. Тоа е делумно така, но не точно – еве и зошто. Dermapenworld е уникатна компанија со чиј продукт патентиран како Dermapen, Dermapen 4 е поставена основата во micro-needling индустријата на глобално ниво, а сите други апарати ги нарекуваат токму по него! Во кратки црти, еден е оригиналниот, уникатен Dermapen и одсега за прв пат ќе биде достапен во Македонија заедно со нивната револуционерна технологија на дигитално одредување на длабината и брзината на третманот со “one-touch” интегрирано подесување на Dermapen 4.

Dermapen 4 во синергија со DermapenWorld Dermaceuticals отвара ново поглавје во брзина, безбедноста и ефикасност во третман на повеќе од 80 дерматолошки и естетски индикации на кожата! Третманот со овој револуционерен micro-needling апарат е без компликации и без употреба на локален анестетик, а периодот на опоравување не е подолг од 24 часа. Нема модринки, нема лузни, нема игли и инјекции, нема лупење на кожата. Добивате нова, сјајна, чиста и блескава кожа. Ова е ултимативна комбинација за денешниот пазар односно барање на пациентите за брз и ефикасен третман со минимално време на опоравување. Вкупниот третман трае до половина час.  

Сите индикации: Максимални резултати со минимална траума.

Anti-ageing

Протокол: 4 сесии на разлика од 6 недели помеѓу третманите. Може и во комбинација со биостимулатори, егзозоми, ПРП (PRP) и ласери. Dermapen 4 со своите 1920 убодни удари во секунда ја зголемува природната реакција на кожата за регенерација преку значително зголемување на продукција на колаген и еластин со што се подобруваат неколку слоеви на кожата. За разлика од обичните козметички апарати, Dermapen 4 има супериорна технологија на убодна пенетрација, но и своја линија на козметика од DermapenWorld како за во клиника така и за дома.

Пигментации

Протокол: 3 до 6 сесии на разлика од 2 до 4 недели помеѓу третманите. Може и во комбинација со CO2 ласер. Иако ласерите се третман од избор при хиперпигментации, за разлика од нив, Dermapen 4 micro-needling нема ризик од хипопигментација. Иако е мал тој ризик, сепак со ласерите е можно да се случи. Погоден за комбинација со пилинзи специјално дизајнирани и оптимизирани за Dermapen преку DermapenWorld козметиката.

Зголемени пори

Протокол: 4 сесии на разлика од 5 недели помеѓу третманите. Може и во комбинација со CO2 ласер. Микронидлингот со Дермапен 4 ја стимулира кожата да произведува нов колаген, на тој начин кожата се затегнува, колагенот се надокнадува и порите се намалуваат. Секако, оваа процедура е најдобра во комбинација со ласер, но и индивидуално има драматично подобри резултати од користење на козметика или киселини без micro-needling.

Лузни

Протокол: 4 до 5 сесии на разлика од 6 недели помеѓу третманите. Може и во комбинација со CO2 ласер и егзозоми. Дермапен 4 е единствениот micro-needling уред на глобалниот пазар со сопствени протоколи и козметика за третман и ревизија на сите типови на лузни како келоиди, контрактури, лузни после изгореници на кожата, лузни од акни и слично.

Стрии

Протокол: 4 до 6 сесии на разлика од 6 недели помеѓу третманите. Може и во комбинација со CO2 ласер и егзозоми. Дермапен 4 е најнеинвазивниот апарат за третман на стрии, а во некои случаи знае да даде подобри резултати и од ласерите вклучително и CO2.

Акни

Протокол: 4 до 6 сесии на разлика од 4 недели помеѓу третманите. Може и во комбинација со дерматолошки третмани и ласер. DERMAPEN 4 драматично ја менува структурата на кожата, а со тоа и влијае на процесите на исфрлање како и акни. Особено е погоден за проблематична кожа, бидејќи има и своја колекција преку DermapenWorld како за во клиниката така и за домашна употреба и нега.

Зошто вашиот избор да биде Dermapen 4?

  • Сосема нов пристап
    во третманот на лузни со дигитално одредување на длабината и брзината на третманот.
  • Револуционерен дизајн на игли
    со брзина поголема од било кој друг micro-needling апарат – неверојатни 1920 убодни канали во секунда
  • Единствениот оригинален DERMAPEN (Дермапен 4) на пазарот во Македонија, без растегнување на кожата
  • Автоматизирана калибрација
    према типот на кожа и индикација која се работи
  • Регулирано отпуштање на флуидите
    како киселини, биостимулатори, амино киселини, егзозоми и слично према индикација, со длабинско вбризгување во кожата
  • ACM™ безбедност
    Загарантирана, безкомпромисна безбедност со антиконтаминационо управување без враќање на флуидот
  • Уникатен апарат
    со кој може да се работи на целото тело: келоиди, изгореници, контрактури и секаков вид на лузни
  • Супериорна AOVN™ 4 технологија
    Унапредена осцилирачка вертикална технологија на иглите со поголема брзина, прецизност и безбедност
  • DERMAPEN WORLD
    Сопствено дизајнирана козметика за најдобро оптимизиран третман за секоја посебна индикација 

За повеќе информации, контактирајте не. Вршиме комплетни прегледи за нашите клиенти и препорачуваме најсовремени процедури за борба против стареењето, иритациите, брчките и било кој останат кожен проблем.

La Bellezza Center Skopje, over 32 years experience in skin, aesthetics & medical cosmetology.
 www.LaBellezza.com.mk & [email protected]
 +389 70 222 601  +389 75 222 601
 Address: Vidoe Smilevski Bato 3, 1000 Skopje 

RELATED ARTICLES
- Advertisment -

Most Popular