Wednesday, February 28, 2024
spot_img
домаЛасерHair-Removal Laser: Најнова технологија достапна на пазарот во Ла Белеца

Hair-Removal Laser: Најнова технологија достапна на пазарот во Ла Белеца

Како и секоја друга технологија која е повеќе од 30 години достапна на пазарот, така и ласерската епилација го достигнува пикот на својата ефикасност. Постојат три (3) различни видови на технологија: Diode, Alexandrite & Nd: YAG – сите достапни во Ла Белеца. Диодниот ласер важи за ‘Mercedes Benz’ на сите ласери, но сепак најновите продукти на пазарот нудат 3 во 1 комбинација од најдобрите ласери со цел да се задоволат потребите на ефикасност за сите типови на кожа и влакна. Како функционира ласерската технологија – погледнете го видеото:

Пакети за ласерска епилација во Ла Белеца се достапни на следниот линк: ПАКЕТ ЦЕНИ ЗА ЛАСЕРСКА ЕПИЛАЦИЈА.

Ласер терапија во Ла Белеца: најнови стандарди на брзина, безбедност, ефикасност, а овој пат и со голем подобреност во удобноста на третманот. Комбинација на трите најдобри ласери Alexandrite (755nm), Nd:YAG (1064nm) и Diode (808nm) која овозможува третирање на сите типови на влакна и кожа според Fitzpatrick скалата:

  • Type I (scores 0–6) always burns, never tans (pale white; blond or red hair; blue eyes; freckles).
  • Type II (scores 7–13) usually burns, tans minimally (white; fair; blond or red hair; blue, green, or hazel eyes)
  • Type III (scores 14–20) sometimes mild burn, tans uniformly (cream white; fair with any hair or eye color)
  • Type IV (scores 21–27) burns minimally, always tans well (moderate brown)
  • Type V (scores 28–34) very rarely burns, tans very easily (dark brown)
  • Type VI (scores 35–36) Never burns, never tans (deeply pigmented dark brown to darkest brown)

Секоја регија на која се работи има своја спецификација и програма, посебно за мажи и жени, како и посебно за hair-removal & fast hair-removal. Регии на кои се работи на лицето и телото се: Надусници, цело/пола лице, цели или пола раце, пазуви, гради, гради и стомак, стомак, грб, бикини, интима и цели или пола нозе.

А сега, да одиме на најчесто поставуваните прашања:

Колку време треба за да се видат резултатите?

Одговорот е секогаш и секаде различен. Без разлика на типот на кожа, влакна или каде и да ја правите ласерската епилација односно со каков од трите најдобри ласери, резултати се гледаат уште на првиот третман. Долгорочни резултати се гледаат по комплетирање на една цела сесија за која во просек се потребни 6 третмани (кај некого и 3 до 4, но кај некои може и до 10-12 сесии). Затоа, во Ла Белеца цената константно опаѓа по секој третман, а после 6-тиот третман доколку се потребни повеќе сесии, тие се нарекуваат ‘сесии за одржување’ и цената е симболична.

На колку време се прават третманите?

Третманите со најновата ласерска технологија се препорачуваат да се повторат на точно 20-25 дена.

Што треба да правам ПРЕД третман?

Пред третманот, потребно е 2 до 3 дена претходно да се избричат влакната на регијата која ќе се работи со брич. Или, 1 ден пред третманот да се помине местото со машинка за бричење (за мажи). Потребно е влакното да се гледа на површина, не повеќе од 1 до 2mm израснато. 

Што НЕ треба да правам пред третман?

Неколку денови пред третманот треба да одбегнувате користење на иритантни продукти за нега на кожа, како на пример киселини. Исто така, треба да одбегнете користење на солариуми или останати видови на вештачки потемнувања најмалку 4 недели пред третман бидејќи дел од нив ја оштетуваат кожата. 

Што се случува ЗА ВРЕМЕ НА третман? Дали боли? Колку трае процедурата? 

Најновата ласерска технологија нуди неверојатен конфорт на клиентите. Се чувствува минимално, а дури и тоа минимално се редуцира со специјална нова технологија на паралелно ладење. Не беше иста ситуацијата со претходните ласери, но како што на почетокот на текстот наведуваме, се работи за најнова генерација на ласерска технологија достапна на пазарот од 2022 година.

Самата процедура најчесто трае брзо. Лице, врат, пазуви, може да траат и до 10тина минути. Интима со бикини, грб, гради или стомак од 15 до 30 минути, а раце и нозе и до 1 час.

Што треба да превземам, на што треба да внимавам ПОСЛЕ третман?

Иако најновите ласерски технологии се многу безбедни и кога се работи за ‘downtime’ односно времето после третман, сепак препорачливо е да се одбегнува голема експозиција на сонце на местото каде што е работено, бар во наредните неколку дена. Хидратантни креми и SPF +30 фактор може слободно да се користат. Дури, добрата хидратација е препорачлива пост-третман. Сепак, треба да одбегнете посилни продукти во наредните денови како ретиноиди, одредени киселини и слично. Одбегнување на силни продукти треба да се практикува и 48 часа пред третман!

Дали стално, засекогаш, ги губам сите влакна, 100% од вкалната до крај на живот?

Често постои мис-концепција дека пост сите третмани ќе имате 100% hair-free кожа односно дека никогаш повеќе нема да никне влакно. Иако од маркетинг аспект како трик да се привлечат клиенти тоа звучи примамливо, сепак мора да знаете неколку работи: Најчесто, редукцијата е околу 80-90%. Кај некои е и 100%, но тоа не значи дека понатаму нема да никне по некое ново влакно (сосема ново, не старите да се вратат). Но тие ‘нови влакна’ се послаби, поретки, посветли, многу тенки и најчесто се поради хормонски промени или терапии кои влијаат на хормони (како пример тестостерн бустери кај мажи), стероидни терапии и слично. Затоа, ласерската епилација е безбедна и ефикасна метода за трајна редукција, но имајте во предвид дека може да си бара одржување – секако, тоа е симболично, односно цената е далеку помала од редовната.

За одржување и редукција на ретките ново израснати влакна се препорачува третманите да се повторуваат во текот на годината индивидуално и по потреба. 

Колку е популарна ласерската епилација во моментов?

Ласерската редукција на влакната (епилација) е се уште една од 5-те најпопуларни естетски процедури и во исто време е и тренд и потреба на секоја жена и маж, a посебно популарана е ласерската епилација на препоните и пазувите. Третманите посебно во овие регии се препорачуваат и како тераписко средство како еден од многу честите проблеми кај луѓето, а тоа се враснатите влакна, воспаление на влакнениот фоликул (фоликулитис) при што често доаѓа до создавање на зацрвенети ‘бубулици’ и гнојаници, а бидејќи клиентите сами се обидуваат да ги ‘средат’ овие проблеми, воспалителниот процес може да го зафати дури и перифоликуларното ткиво и да се прошири во длабина – хиподерм, па да настанат и поголеми проблеми на кожата.

Потоа и воспаление на апокрините потни жлезди (хидраденитис) кои можат да се јават како последица на други методи кои жената честo ги употребува, на прво место бричењето, апаратчиња за депилација па дури и депилација со восок, а депилационите креми со својот хемиски состав често доведуваат и до алергиски реакции на кожата.

Постојат ласери за домашна употреба. Која е разликата меѓу нив и медицинските ласери?

Да, постојат ласери за домашна употреба. Иако многу ретко, сепак може да се најде квалитетен ласер и за домашна употреба. Но сепак, самиот збор ‘домашен’ јасно говори дека не се работи за професионална односно медицинска машина, штом не е потребено со истиот да ракува лекар односно дерматолог.  

La Bellezza Center Skopje
30 years experience in skin, aesthetics & medical cosmetology.
www.LaBellezza.com.mk & [email protected] 
+389 70222601 +389 75222601
Address: Vidoe Smilevski Bato 3, 1000 Skopje 

RELATED ARTICLES
- Advertisment -

Most Popular