По објавата во месец август на својот инстаграм профил, сите помислија дека се работи за некој вид на нова колекција на шминка. Сепак, Џенифер Лопез ја изненади јавноста: JLo Beauty ќе биде дерматолошки бренд за нега на кожа!
„Ова не е проект правен од страст, туку сон за кој сонувам веќе 30 години“ – вели Џенифер Лопез, додавајќи „Едвај чекам да ги споделам моите тајни за нега на кожата со вас“.
View this post on Instagram
Покрај тоа, на нејзиниот инстаграм профил може да се види и најава за како би изгледал брендот. Сепак на „шишето“ не се открива ништо, со цел да се регистрирате за први да имате пристап до новата колекција, уште на 8ми декември. За регистрација, кликнете на JLoBeauty.com, официјалната веб-страна.
View this post on Instagram
Џенифер Лопез не е „нова“ во индустријата на убавина и здравје, па така низ годините била дел од големи брендови на парфеми, препарати за нега на коса и слично.
BUZZFEED: Што користи Џенифер Лопез за нега на кожа?
Познатата Криста Торез од BuzzFeed.com има направено мало истражување за негата на лице и тело на Џеј Ло. Да, факт е дека дел од рутините нејзини се нешто што секаде ќе го прочитате како „секојдневно користење на крема со заштитетен фактор“ или пак „миење на лицето ВЕДНАШ по вежбање, без да чекате туш“. Тие се веќе „досадни“ работи за читање, но сепак премногу важни!
Што останато користи Лопез?
Во интервју за WELL + GOOD, нејзиниот шминкер открива дека Џеј Ло обожава да користи Själ Saphir Concentrate, лосион за лице кој содржи: aquamarine, botanical retinol, soothing blue chamomile како и biomarine complex.
View this post on Instagram
Една од останатите две процедури кои се тајни на Џенифер Лопез, а откриени за светски познатиот магазин BuzzFeed, е достапна во Ла Белеца. Втората е продукт кој е достапен на Amazon. За повеќе информации, посетете не!