Пилинзите се класични киселини, а врз база на силата на киселината, секој од нив пенетрира различно длабоко во кожата. Затоа, може да ги поделиме на 3 основни видови: 1) Superficial peeling – кој продира на најповршниот слој, епидермисот. Некогаш, и во дел од дермисот доколку се во јака концентрација. Овие пилинзи се послаби, ексфолијативни, познати како “lunch-time” пилинзи и предизвикуваат лупење на кожата. Но, немаат време на опоравување.
Најчести индикации за површни хемиски пилинзи односно superficial peels се: акни и пигментации од акни, кожа без сјај, кога имаме груба текстура, пигментни промени на бојата и превентивно одржување. Со овие пилинзи, кожата е сјајна и здрава и спремна за поефикасно дејство на препаратите за секојдневна домашна нега или третманите како мезотерапија, ПРП, Биостимулатори и слично.
2) Medium Depth Peels – или средни пилинзи, длабоки средни пилинзи се најчесто од групата на TCA кои пенетрираат подлабоко во кожата. Знаат да продират и до дермисот како среден слој на кожата.
Најчести индикации за површни хемиски пилинзи односно superficial peels се: фотостареење, а тоа значи и подлабоки статични брчки односно фини линии, актинични кератози, длабоки проблеми со пигментацијата или така наречена stubborn pigmentation како мелазма, сончеви дамки или поствоспалителни траги на лицето познати како post inflammatory hyperpigmentation PIH или post inflammatory erythema PIE. Сепак, мора да се знае дека за ваков вид на длабоки пигментни промени, потребен е пристап од повеќе чекори, а најчесто вклучувајќи и PICO Laser, CO2 Laser, IPL или останати ласери и апарати. Кожата после овој третман е црвена, на некои делови потемнува и се лупи до 7 ден. целта на овој третман е да се поттикне стимулација на фибробластите – клетки одговорни за создавње на нов колаген и еластин.
Сепак, не секоја TCA е во форма на класичен пилинг. Пример за ваков “пилинг” кој не е вистински пилинг е добро познатиот PRX-T33. PRX- T33 се состои од 33% TCA киселина специјално создадена за комбинација со повеќе методи, без видлив процес на лупење и застој. За разлика од другите хемиски пилинзи, PRX-T33 е безбеден да се направи во лето односно кога изложувањето на сонце е неизбежно.
Препаратите со киселини се употребуваат исклучиво во периодот од есен до пролет. Освен PRX-T33 односно новиот PRX-Plus.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОМОЦИЈА НА PRX-T33 ВО ЛА БЕЛЕЦА ЦЕНТАР: 4.000 денари поединечен третман или комплетни 3 препорачливи третмани со PRX-T33 за 10.000 денари.
Поединечен третман на лице со врат и деколте со PRX-T33 5.000 денари или пакет од 3 препорачливи третмани 12.000 денари. Една од најголемите грешки при нега на кожа што жените, но и мажите ја прават, е третирање на лицето, а не и на вратот (или и деколтето, кај одредени случаи).
3) DEEP Peels – или длабок хемиски пилинг најчесто е на база на фенол, а наменет за длабинско подмладување на брчки, но и лузни од акни. Но, овој тип на пилинзи одат со подолг период на опоравување. Секако, за лузни од акни има и многу други безбедни чекори кои може да доведат до исто подобрување како и длабоките пилинзи, без ризик за системски side effect. Такви побезбедни процедури се CO2 Laser, RF Microneedling, Dermapen 4, како и други ласери и апарати.
НАМЕНИ НА ХЕМИСКИТЕ ПИЛИНЗИ
Наменети се како потполно природни, а специјални третмани за годишно прочистување на кожата –вклучува локална примена на хемиски агенси со цел да произведат контролирана повреда до посакувана длабочина, го отклонуваат мртвиот слој на клетки од епидермисот, длабински ги чисти порите и воспоставува себорегулација. Ја активираат клеточната миграција и ја забрзуваат реконструкција на дермисот и епидермисот преку улогата на интензивирање на ослободување на цитокини,фактори на раст и синтеза на колаген што овозможувајќи регенерацијата и подмладување на кожата- подобрена текстура, похомогена пигментацијата и природно намалување на брчки. Сето тоа резултира со здрава кожа, нова колаген, блескаво лице.
Хемискиот пилинг е доста ефикасна дерматолошка процедура.
Кој пилинг е најпогоден за вашата кожа, може да одреди само искусен дерматолог!
По проучувањето на соодветниот тип и квалитет, состојбата и потребите на кожата како и нејзината чуствителност, дерматологот одлучува за видот на пилинзите и нивните концентрации. Изборот на хемиски агенси зависи и од обемот и длабочината на оштетување на кожата. Постојат неколку типа на хемиски пилинзи ИНДИКАЦИСКИ НАМЕНЕТИ првенствено за следниве состојби на кожата на лицето, деколтето или грбот.
1.За Реепителизација
Високи концетрации на регенерирачки и хидрирачки компоненти за интензивна реепителизација- обнова на епидермот, омекнува и елиминира мали бразди/брчки и други знаци на стареење или несовршености на кожата,подобрува текстура,изедначува тен и подобрува квалитет на кожа
2.За масна кожа и кожа со акни како и лузни кои се резултат на акни, пеги, фини линии, проширени пори
Се подобрува функцијата на кожата, се намалуваат воспалителните процеси, ги уништува бактериите, се воспоставува себорегулација – кожата многу помалку се масти и длабински се чистат изводните канали на лојните жлезди, а се поттикнуваат подлабоките структури на кожата на поинтензивна регенерација. Сепак, за акни, веќе постои и најдолготрајно решение односно новиот AviClear 1726nm Laser единствено достапен во Ла Белеца Центар – технологија направена на HARVARD од најпознатата американска фирма за ласери CUTERA. Со само 3 сесии во 60 дена, единствена процедура која го таргетира главниот извор на акни – себацијалните жлезди.
Во останати терапии на акни се работи со палета на хемиски пилинзи со различна концентрација на киселини, специјални длабоки чистачи и неутрализатори, серуми, кои се аплицират во еден третман кои временски трае околу 20 минути и се повторуваат во циклус од 6-10 во серија.
3.Anti-Aging терапија
Активираат миграција и регенерација на епителните клетки, делуваат ревитализирачки, стимулација на создавање на колаген и регенерација на клетките во долните слоеви на кожата, антиоксидативен потенцијал во борба против ситни брчки и мимични бразди
4.За Хиперпигментации
Делуваат локално со силен избелувачки ефект на флеки и пеги, делуваат депигментирачки, антиоксидирачки на мелазма, пигментации-темни кругови, како и промена на бојата на кожата поради изложување на сонце (фото), старосни пеги, бременост, апчиња за контрацепција, реакции на лекови, пост – воспалителни хиперпигментација или пигментацијата како резултат на болест или лекување на кожни или други внатрешни инфекции или заболувања (кожата е огледало на внатрешното здравје)
Исклучително ефикасни за разбивање на старечки флеки на дланките и лицето
5.Третман на Кератози – груби, рожнати слоеви на лакти, колена, стапало
Како се изведува третманот со хемиски пилинг?
После припрема на кожата (детално чистење, отклонување на нечистотии како и одмастување), се нанесува хемискиот пилинг. После нанесувањето, дерматологот ја прати реакцијата на кожата во наредни 5-10 минути, а очекувани се благо до интанзивно пецкање кое престанува после примена на соодветен неутрализатор и заштитна крема. Процедурата е краткотрајна и безболна. После третманот кожата може да биде благо до интензивно црвена, но тоа е со минлив карактер. Следните денови се очекува перутање како разултат на регенерацијата и се препорачува употреба на креми со заштитен фактор.
Препорачливо да се прочита: Сите видови на третман на вратот во Ла Белеца:
NECK Therapy: Сите процедури за врат
La Bellezza Center
Естетска и Медицинска Козметологија
Адреса: булевар Видое Смилевски Бато број 3 & 7
Телефон: +389 70 222 601 / +389 2 2430 432 / +389 75 222 601
Е-mail: [email protected]

