Tuesday, March 19, 2024
spot_img
домаКозметологијаУбавина и Здравје3 најважни прашања до вашиот дерматолог

3 најважни прашања до вашиот дерматолог

Во нашиот „селфи“ свет, изборот за естетски процедури станува се поголем. Интересен факт е дека повеќе нема разлики помеѓу мажи и жени, млади и стари, едноставно сите сакаме да изгледаме одлучно на следното „селфи“ или фотографија на Инстаграм.

Интересот за „боцкања“ е огромен. Но, пред да се одлучите да влезете во светот на инјекции, прашајте го вашиот дерматолог за да се едуцирате за реалната медицинска постапка и несаканите ефекти.

Без сомнение за тоа: стареењето може да биде осетлива тема. Емоциите и самодовербата се испреплетени со изборот да се следат козметичките подобрувања, а дерматолозите и пластичните хирурзи честопати споменуваат и препорачуваат дермални филери како прв чекор во светот на естетиката. Постојано еволуирачката колекција на дермални филери – за усни, образи и брада – можат веднаш да одговорат на зголемениот број проблеми со кожата, бидејќи нејзиниот тон и текстури се менуваат со текот на времето.

Нашиот врат и лице се првите области што откриваат знаци на стареење, а со дермалните филери овде главната цел е да го замениме изгубениот волумен како резултат на стареењето. За таа цел постојат многу различни дермални филери на пазарот и толку многу различни начини на нивно користење. Тие најдобро се користат за да го заменат односно компензираат она што природно го губите со текот на времето.

Ако размислувате за оваа постапка, прочитајте ги овие прашања за подобро да ја разберете самата процедура и точно што можете да очекувате во текот на целиот процес. Затоа што кога станува збор за вашето лице и медицинска постапка – навистина не постојат глупави прашања!

1. Дали сте дерматолог, пластичен хирург или во најмала рака лекар со добар тренинг?

Последица на зголемената побарувачка на дермални филери е зголемувањето на неискусни изведувачи, што доведува до изобилство на негативни ефекти. Само одредени луѓе, односно лиценцирани и сертифицирани доктори треба да инјектираат филер затоа што тоа не е само козметички додаток, пополнувачите се всушност медицински помагала кои можат да предизвикаат сериозна штета.

Приказ на ултразвук: крвен сад на усните (десно). Многу често при секоја процедура и апликација со игла, се повредуваат крвните садови. Притоа, може, а и не мора крвта да потече надвор. Затоа, потребна е висока претпазливост, но пред се ЗНАЕЊЕ и стручност за аплицирање.

Пациентите без проблем треба да прашаат за ингеренциите и нивото на образование, бидејќи тоа зборува за ширината на знаење на лекарот. Не станува збор само за ставање игла во нечие лице. Долгогодишното искуство и корекција на туѓите грешки и широк спектар на пациенти за да можете да видите како различни производи работат во различни области, на различни типови на кожа и текстури е од непроценливо значење. Има многу напорно учење и доколку процедурите не се изведуваат од едуцирано лице има многу негативни исходи, многу компликации, асиметрија и испакнатини.

2. Каков тип на дермален филер ќе користите? 

Можеби ви изгледа непријатно да го прашате вашиот доктор каков вид на дермален филер користи, но тоа е клучно затоа што очекувањата за тоа што производот може да направи е навистина, навистина зависно од тоа каков вид на полнење се користи и во која област. Сепак ова се прашања за во живо, а не по телефон како што многумина практикуваат.  За разлика од кожата од клучната коска надолу, текстурата на кожата на лицето е разновидна и нежна, при што секоја област бара специфична техника за администрација. На пример, хиперчувствителната област на подочниците:

Оние темни кругови што сите ги имаме под нашите очи поголемиот дел од времето, таму не само што кожата е тенка, туку има и многу садови под очите кои се покажуваат низ тенката кожа.

3. Кои се потенцијалните компликации? 

Постапката за полнење, односно користење на дермални филери е една од најризичните процедури. Кога инјектирате дермален филер секогаш постои можност да го инјектирате овој оклузивен гел во крвниот сад, што може да резултира со некроза на кожата во областа што ја поддржува погодениот крвен сад или слепило, ако тој крвен сад ја храни областа околу очите. Затоа е клучна важноста од избор на искусен лекар кој поминал низ медицинско образование во класична форма за да се ублажи ризикот што постои. За среќа, оклузиите се статистички ретки и може да се решат со соодветно медицинско познавање, но чувството на доверба и безбедност е најважната работа кога се разгледуваат дермалните филери.

Приказ на хијалуронски филери на нос и глабела (регијата меѓу очите). Сликата е направена после повеќе од 1 година. Техника на снимање: MRI. Некои филери, особено тие со висока концентрација може да траат многу подолго. Сликата е извадена од научен труд на PRS Journal.

Цената на процедурата зависи од количината на потрошен материјал. Хијалуронскиот филер за подочници е 250 евра за 1ml [цел шприц], а сите останати се 200 евра за 1ml.

RELATED ARTICLES
- Advertisment -

Most Popular