Хијалуронски Филери

Најнова генерација хијалуронски филери – комплетно разградливи

Брзото темпо на живот доведе до голема популаризација на кратките и брзи, но и ефикасни процедури за подмладување како што е LIQUID LIFT со хијалурон. Хијалуронските филери се во употреба повеќе од 20 години и заедно со ласерите и ботоксот спаѓаат во најфреквентните естетски процедури.

Долготрајност, веднаш видлив резултат, а континуирана моќ на биостимулација на ткивото. Најнова генерација на хијалуронски филери – комплетно разградливи во телото, без да оставаат резидуи.

Горди носители на наградата на AMWC

Најдобар филер на глобално ниво

Големата популарност на хијалуронските филери на NEAUVIA се должи на нивната максимална безбедност – единствени филери со нула (0) пријавени “side effects” на глобално ниво, не предизвикуваат алергиски реакции, докажано безбедни и кај автоимуна болест како Хашимото! 

Иновацијата која ја воведе NEAUVIA во хијалуронскиот филер ги направи “GAME-CHANGERS” на глобално ниво. Затоа ја добија и наградата за најдобар продукт и иновација во светот за 2024 година на AMWC Monaco, како и повторно во 2026та година BEST “Dual Core Technology” на истиот форум.

Хијалуронските филери се користат за:

  • Корекција на сите брчки на лицето: површни, средни или длабоки;
     
  • Ремоделирање и хармонизација на контурите на лицето; волуменизација на образи 

  • Контурирање и освежување на усните; 

  • Контурирање и корекција на нос;
     
  • Подмладување на вагиналната регија;

  • Пополнување и подмладување на дланките на рацете;
     
  • Третирање на фини линии на вратот и деколтето;

  • Корекција на подочници.

Прочитај го целосното портфолио на NEAUVIA и дознај се за нивните продукти.

Пионери во “PEG” технологија

PEG односно Polyethylene Glycol е многу познат полимер во фармацевтскиот свет, особено поради неговата уникатност и безбедност, а означува нова генерација на Smart Crosslinking Technology (SXT) во хијалуронските филери. “GAME-CHANGER” на пазарот кој креира поголема виско-еластичност на продуктите, поприроден изглед и единствен со комплетна разградливост во телото без да остава резидуи.

Највисок профил на безбедност

Кога е вистинско време за филери?

Во светската стручна медицинска литература се смета дека идеално време за почеток е со првите знаци на стареење на кожата и губењето на хијалурон. 

Тоа се крајот на 20тите и почетоците на 30тите години, кога количините на хијалурон во кожата почнуваат да опаѓаат. Кога точно овој процес ќе се започне зависи и од генетиката, начинот на живот и личниот однос спрема себе и своето тело

Сепак, нема долна граница на употреба!

Оптимално време да се започне со употреба на хијалуронски филери е појавата на првите фини линии (брчки) без разлика на годините. Раната детекција и превенција е полесна за корекција, дава подобри резултати кои траат долго. 

Дермалните филери ги „лечат“ брчките, а со третман на самиот нивен почеток, се спречува и понатамошно продлабочување кое потешко се корегира.

Follow us on Instagram to stay up to date and see the latest trends.

@LABELLEZZA_CENTER

Сертифицирани глобални тренери на Neauvia

Во Естетска дерматологија и Центар за убавина La Bellezza, докторите се обучени и сертифицирани од глобалната академија на Neauvia во Милано, Варшава и Дубаи. Neauvia е единствена глобална компанија со своја 24/7 достапна академија – Neauvia Channel – и свои сопствени центри низ повеќе локации во светот, како Варшава, Милано, Дубаи, Женева, Бангкок и Лондон.

Вложете во себе за да траете, природна убавина на дофат на вашите раце!

Резултатот е моментално редуцирање до губење на брчките, а ефектот трае од 6 до 12 месеци. Сепак, резултатите се различни и зависат од староста, мимиките и состојбата на кожата. Но, бенефитот знае да трае многу подолго, односно квалитетот на кожата и ткивото да се видливо зајакнати и подобрени и после тој период.

ВАЖНО

Некому е потребен еден, а некому повеќе третмани до постигнување на целта!
Но, кога еднаш ќе се постигне посакуваниот резултат, доволно е еднаш годишно да се освежува лицето со многу помалку хијалурон од оној на почетокот.

Цената на хијалуронскиот филер е 12.000 денари за 1ml односно цел шприц.
Цената на процедурата зависи од количината на потрошен материјал.

За нас

Нудиме комплетни прегледи за нашите клиенти со тим од специјалисти и врвни лекари. Дерматологија, естетска и медицинска козметологија, ласерски и ултразвук технологии.

Контактирај не

La Bellezza Center © Сите права задржани.