Friday, March 29, 2024
spot_img
домаКозметологијаУбавина и ЗдравјеИванка Трамп: Комбинирана рутина за убавина!

Иванка Трамп: Комбинирана рутина за убавина!

На денешен ден е родена Иванка Трамп. Мајка на неколку деца, 38 годишна успешна жена од уште поуспешна фамилија. Модерна, прогресивна, либерал-конзервативна жена и веројатно првата дама претседател на САД во иднина. Поради нејзиниот роденден, ви го откриваме дел од нејзиното интервју за Нова Убавина

New Beauty: Вие сте познат фан на козметика и природни продукти. Би ни откриле бар една тајна?
Иванка: Да, голем фан сум на Tata Harper’s Hydrating Floral Essence. Но, од природните работи, најважна е хидратацијата. „Многу е важно да сте постојано хидрирани! Постојано пијам вода во текот на денот, а кога можам, тоа го правам со лимон во чашата“ – вели Иванка пред почетокот на интервјуто.

За време на летните одмори како и жешките температури, многу е важно да бидете хидрирани. Дали знаете дека скоро половина од светското население не се придржува на нормалните дози на хидратација и пиење на вода и тоа без да го знаат тој факт!

Доколку сакате добар и свеж изглед, треба да знаете дека едни од првите знаци на дехидратација односно не пиење доволно вода се одразува на вашата кожа, усни, очи и целовкупен изглед!

Погледнете го видеото и дознајте ги сите знаци дека не пиете доволно вода:

New Beauty: Дали спортувате, каква е вашата исхрана?
Иванка:
Почнав да ја гледам храната повеќе како нутритивна потреба наместо задоволство. Јадам често но квалитетно. Сепак, се одржувам во форма и со трчање. „Секогаш користам скали наместо лифт. Секој момент за спонтана физичка активност го користам разумно“.

Во останатиот дел од интервјуто, Иванка вели дека не често посетува спа центри бидејќи е мајка на 3 деца и нема многу време поради темпото на живот. Но, кога посетува редовен месечен третман и “facials”, го користи времето и за длабока масажа на цело тело.

Остатокот од интервјуто се однесува на стилот и модата на Иванка Трамп, а за естетскиот дел и козметика ги откри само горенаведените работи. Повеќе информации на NEW BEAUTY.

La Bellezza Center 
Естетска & Медицинска Козметологија 
Адреса: булевар Видое Смилевски Бато број 3 & 7 – Естетска и Медицинска Козметологија
Телефон: +389 70 222 601 / +389 2 2430 432 / +389 75 222 601
Е-mail: [email protected]

RELATED ARTICLES
- Advertisment -

Most Popular