Thursday, April 25, 2024
spot_img
домаКозметологијаУбавина и ЗдравјеКако функционираат „анти-брчки“ инјекциите

Како функционираат „анти-брчки“ инјекциите

Ако не сте се грижеле за кожата, време е да разговараме. Не треба да направите многу за да ја поправите грешката. Убавиот изглед денес е дел од есенцијалните работи како одржување на хигиена, добра облека, убава кола и слично. Стигмата дека естетските процедури „не се за мажи“ или дека треба „да се криете“ дека се грижите за вашиот изглед, се дел од минатиот век и декада.

Паметните мажи, а и жени се грижат за својот изглед. Особено кога за истиот постојат лесно достапни процедури, совети и начини. Секако, за да бидете правилно насочени, потребен е разговор со стручно лице: лекар или дерматолог.

Како навистина функционираат инјекциите против брчки, односно ботоксот?

Сите знаеме дека ботоксот се користи за релаксирање на мускулите преку блокада на невромодулатори, што резултира со помалку брчки. Но дали навистина знаете како функционираат невромодулаторите?

Невромодулаторите се произведуваат од бактеријата Clostridium botulinum-анаеробен, грам позитивен организам. Од неа постојат 7 типа на невротоксини, од А до G. Па како навистина функционираат? Како што може да видите во видеото, за мускулот да може да функционира – потребна е нервна активност. Така при „нормалниот“ невромускулен спој, ацетилхолинот се ослободува од нервниот импулс, предизвикувајќи мускулот да се контрахира (да се стега).

Кога ботоксот се инјектира во специфичен мускул, тој се врзува за рецепторите на нервот, блокирајќи го процесот на контракција преку блокирање на ослободувањето на ацетилхолин со расцепување на протеинот SNAP-25. Исто така, ботоксот го блокира ослободувањето на ацетилхолин кај потните жлезди, па затоа и инјекциите против брчки се користат за превенција на хиперхидроза (зголемено потење). Ефектите од ботоксот обично траат од 2 до 6 месеци и целосно исчезнуваат. Кога ќе се потроши ботоксот, „никнувањето“ на нови и постојни нервни терминали, заедно со ослободувањето на ацетилхолин, му овозможува на мускулот повторно да се контрахира.

Цена? Ботоксот за лице може да се аплицира на неколку регии: Околу очи (лево и десно), помеѓу очи како и на челото. Цената се движи од 50€ до 65€ евра за регија, но кога се прави “full-face” апликација односно на сите 4 места, цената е фиксна: 200€.

Постои уште еден метод со „боцкање“ против брчки кој не ги корегира на одреден период, туку и трајно ги подобрува

Хијалуронските или дермални филери се природна компонента на нашето тело. Тие не делуваат „магично“ како ботоксот и да ги „скријат“ брчките веднаш за неколку денови, но нивното дејство е лековито! Покрај моменталното пополнување на брчките или недостатокот на волумент на кожата, тие активно хидрираат и ја подобруваат состојбата на кожата трајно. По завршување на дејството на хијалуронските филери, никогаш повеќе нема брчките да ви изгледаат како што биле претходно. Сепак, ова „трајно“ подобрување, не значи и трајно решение.

За повеќе информации, контактирајте не. Вршиме комплетни прегледи за нашите клиенти со тим од специјалисти и врвни лекари. Препорачуваме од најсовремени процедури до најосновните прилагодувања за долготрајни резултати. Дојдете да научите како да се борите против стареењето, иритациите, брчките и било кој останат кожен проблем.

👩‍⚕️ La Bellezza Center Skopje, over 30 years experience in skin, aesthetics & medical cosmetology.
➡️ www.LaBellezza.com.mk & [email protected]
☎️ +389 70 222 601 📞 +389 75 222 601
➡️ Address: Vidoe Smilevski Bato 3, 1000 Skopje 
➡️ Botox, Skin, Skincare, Beauty, Cosmetic, Cosmetology.
RELATED ARTICLES
- Advertisment -

Most Popular