Цигарите не го уништуваат само вашето здравје, тие исто така го уништуваат и вашиот физички изглед.

Во медицината е прифатен терминот „лице на пушач“ (smoker’s face), кој се користи за да опише одредени карактеристики на лицето кои се последица од пушењето и се заеднички за повеќето пушачи, како брчки околу устата и очите, предвремено остарена кожа и жолтеникав тен.

Цигарите содржат јаглерод моноксид кој го заменува кислородот во крвта и никотин кој ги стеснува крвните садови и го намалува протокот на крв. На овој начин кожата започнува да ја губи својата еластичност и станува посклона кон создавање брчки.
Колагенските влакна се одговорни за еластицитетот и јачината на структурата на кожата. Пушењето доведува самите тие да се оштетат и да се распаднат, со што се забрзува природниот процес на уништување на колагенот и со тоа се менува флексибилноста и текстурата на самата кожа.

Еве како влијае пушењето на кожата:
• предвремено стареење
• брчки
• телеангиектазија (spider veins)
• дисколорација (нееднаков тен)
• посува кожа
• псоријаза
• рак на кожа (пушењето ги зголемува шансите за развивање на сквамоцелуларен карцином)

Постојат повеќе процедури кои можат да ја подобрат структурата на кожата кај пушачите, но најдобрата превенција е откажување од цигарите.
За се останато, тука сме за вас!

La Bellezza Center
Естетска и Медицинска Козметологија 
Адреса: булевар Видое Смилевски Бато број 3 & 7
Телефон: +389 70 222 601 / +389 2 2430 432 / +389 75 222 601
Е-mail: info@labellezza.com.mk