Tuesday, March 19, 2024
spot_img
домаНовости и БлогБлог и ЗанимливостиЗошто при протести не треба да користите стандардни продукти за кожа

Зошто при протести не треба да користите стандардни продукти за кожа

Според научните експерти, одредени средства за сончање, нега на кожата и производи за шминка може да го влошат влијанието на хемиското оружје (солзавци) и останати надразнувачи.

Некогаш, владите користат прекумерна сила дури и врз ненасилните, мирни и најдобронамерни протести. 

Деновиве сме сведоци на масовни протести во САД поради бруталната опресија врз момчето Џорџ Флојд. Протестите се честа појава во светот, а исто така и полициската бруталност. Се почесто гледаме користење на солзавци и останати хемиски средства со цел разбивање на толпата. Секако, дивеењето е за осуда, но исто така и полициската бруталност.

ALLURE, еден од најдобрите светски сајтови за убавина, здравје, кожа и естетика, ви пренесува важни детали од специјалист по ургентна медицина, дерматолог и лекари во однос на можни последици при користење на продукти за кожа за време на протести.

„Ефектот на димните бомби, солзавци и слично трае до 30 минути, но при користење на производи за убавина базирана на масла (креми, фактор, итн) – ефектот може да трае со саати и да предизвика сериозни изгореници, отоци и силни оштетувања на кожата“. 

Зошто се случува ваква реакција? – објаснуваат специјалистот по ургентна медицина Рохини Хар како и дерматолозите Шари Маршбеин и Мона Гохара.

„Производите засновани на масло можат да бидат оклузивни, да запушат….. така што ги заробуваат хемикалии во порите“, објаснува Гохара. Со други зборови: Доаѓањето во контакт со солзавец, спреј или слично средство е само од себе штетно и болно, а носењето на креми за сончање, пудри и слични продукти врз основа на масло – го влошуваат ефектот многукратно!

„Наместо да ги раствори хемиските надразнувачи брзо и ефикасно, ваквите продукти има потенцијал да ги задржат во кожата. На тој начин, ефектот е многу полош, трае подолго или посилно“ – вели Маршбеин.

Рохини Хар, покрај тоа што е лекар и специјалист по ургентна медицина, е и активист за човекови права. Како стручно лице со познавање на штетниот ефект од димните бомби и солзавци, вели дека во никој случај не треба да се користат од страна на полицијата. „Тие ги активираат рецепторите за болка на кожата, предизвикувајќи иритација заедно со чувство на печење“.

La Bellezza Center
Естетска и Медицинска Козметологија 
Адреса: булевар Видое Смилевски Бато број 3 & 7
Телефон: +389 70 222 601 / +389 2 2430 432 / +389 75 222 601
Е-mail: [email protected]

RELATED ARTICLES
- Advertisment -

Most Popular