Friday, April 19, 2024
spot_img
домаКозметологијаУбавина и ЗдравјеVOGUE: Правилна транзиција на кожа од зима кон пролет

VOGUE: Правилна транзиција на кожа од зима кон пролет

После снегот во април и студените температури, пролетта конечно е на хоризонтот. Нажалост, дочекана со пандемија која ни го попречува нормалниот тек на работа и движење. Но дали е така кога станува збор за нега на кожа?

Зимата ја напушти зградата, земајќи ги со себе студот и сувата кожа. Но наглиот топол воздух, зголемената влажност и температура, значат нов шок за нашата кожа. Тогаш, како да го подготвиме лицето за сончеви денови пред?

Ла Белеца ви го пренесува искуството на VOGUE со еден од најпознатите дерматолози во Њу Јорк.

„Замена на вашиот тешките хидратантни креми за нешто малку полесно е клучно“ – вели д-р Векслер. Таа препорачува формула базирана на хијалуронска киселина или вода кога времето ќе се загрее. „Нашата кожа има тенденција да задржи повеќе вода во пролет и лето, така што нема да ви требаат силни и тешки средства“. Додека користењето навлажнувач (moisturizer) со фактор SPF 30 е добро за зима, Векслер ја истакнува важноста на сончање – одвоено од вашата крема, лосион и шминка – со барем SPF 50 фактор. Препорака од Ла Белеца: Освежување со мезотерапија на база на хијалурон или пак комплетно освежување со најновата формула на хијалуронски комплекс Профило – Profhilo®.

Profhilo® – Како делува формулата која се разложува низ целата регија [видео].

Исти процес, но со стимулација на различен начин.

Следниот чекор е “exfoliation” односно отстранување на мртвиот слој на клетки од вашата кожа. Овој процес е побитен во време на зима, па затоа се користат и овошни киселини, но сепак е исто така битен во текот на целата година. Разликата во транзицијата кон пролет е во процедурите. Препорака од Ла Белеца: дијамантска микродермабразија со комплетен третман на лицето: пареа, ексфолијација, екстракција, креми, лосиони, маски за лице под ласер, пилинг и масажа.

Исфрлете се што е старо повеќе од шест месеци

Сосема веројатно најважното парче од сложувалката е „Исфрлете се што е старо повеќе од шест месеци“. Старите производи можат да служат како добар домаќин на бактерии што ќе доведе до запушени пори и послаба активност на кожата. Опремата за шминка, исто така честопати се занемарува. Таму може да се складираат несакани бактерии и вируси. Се препорачува миење на четкичките за шминка и дел од опремата најмалку еднаш неделно со редовен сапун за рака и да се исушат со фен. „Нешто што е толку едноставно може да има огромно влијание врз целовкупното здравје на кожата“, вели дерматологот на Њу Јорк за списанието ВОГ (VOGUE).

La Bellezza Center
Естетска и Медицинска Козметологија 
Адреса: булевар Видое Смилевски Бато број 3 & 7
Телефон: +389 70 222 601 / +389 2 2430 432 / +389 75 222 601
Е-mail: [email protected]

RELATED ARTICLES
- Advertisment -

Most Popular