Xируршки, лифтинг и мезо колагенски конци
Новата генерација на хируршки биоресорбирачки конци Aptos (PLA, PCL, HA) како и COG & PDO конци
Ревитализација, регенерација, зацврствуање и појачување на тонусот – се во еден третман
Преку нашето клиничко искуство се прикажани реални „пред и потоа“ резултати не само од конци, туку и од третмани на акни, лузни и постинфламаторни флеки, како и од областа на естетска дерматологија – филери, ботокс, биостимулатори и ласери. Секој третман е базиран на стручна проценка и медицински протоколи.
Резултатите се постигнуваат со фокус на безбедност, ефикасност и долгорочно подобрување на состојбата на кожата.
Нашиот тим од сертифицирани професионалци со долгогодишно искуство во естетската дерматологија и медицинска козметологија постојано се надградува преку меѓународни обуки вклучувајќи специјализирани тренинзи за хируршки, лифтинг и мезо колагенски конци.
Секој третман се изведува со висок степен на прецизност и строго почитување на медицинските стандарди, обезбедувајќи индивидуален, безбеден и ефикасен пристап за секој пациент.





ВАЖНО
Некои пациенти добиваат резултат со еден третман, додека други можеби ќе имаат потреба од повеќе за оптимален ефект.
Откако ќе се постигне посакуваниот резултат, доволно е годишно одржување за да се зачува ефектот и квалитетот на кожата.
Цената на третманот со лифтинг или мезо колагенски конци зависи од видот и бројот на конци.
За нас
Нудиме комплетни прегледи за нашите клиенти со тим од специјалисти и врвни лекари. Дерматологија, естетска и медицинска козметологија, ласерски и ултразвук технологии.