Sunday, October 6, 2024
spot_img
домаЕстетска козметологијаПроцедуриLifting threads: Aptos (PLA, PCL, HA), COG и PDO конци

Lifting threads: Aptos (PLA, PCL, HA), COG и PDO конци

Новата генерација на хируршки биоресорбирачки конци Aptos (PLA, PCL, HA) како и COG & PDO конците, се сѐ почесто барани процедури кога сакаме да постигнеме дискретна промена односно lifting на лицето. Некогаш и малите промени прават голема разлика, особено доколку се започне навреме. Без разлика од типот на конците, тие комплетно се ресорбираат во лицето, а нивната апликација е неинвазивна и со локална анестезија.

Благодарение на специјално дизајнираните повеќенасочни конци, може да се постигне: интензивно затегнување на кожата, поголема цврстина на меките ткива, подобрување на микроциркулацијата и синтеза на нов колаген на местото на апликација. Најчести регии за работа се средна и долна третина на лицето.

На горната слика може да се забележат најчесто бараните регии за ремоделирање на лицето и ткивото. Затоа, покрај лифтинг конци, некогаш во овие регии има потреба и од реставрација на волумен кој може да се постигне со хијалуронски филери или биостимулатори (филери од типот на PLLA, Calcium hydroxyapatite и неврзан хијалурон односно CaHA). Кога се прави комбинација од неколку методи, изгледот е секогаш подискретен, но резутатот е подобар, подолготраен и поприроден. Секако, при таков вид на комбинирана техника се одредува и пакет цена. Проценка на кој методи се потребни се врши индивидуално кај секое лице од страна на дерматолог и специјализант по општа хирургија, како и стручни лекари од областа на естетската медицина.

Материјалот од кој се изградени конците со децении се користат во хирургијата. Тој е 100% разградлив, а деградацијата е долготрајна. Кај хируршките лифтинг конци може да трае од 1 до 2 години, а кај мезоконците до 6 месеци (200 дена). Стерилен е и ризикот од инфекција е минимален. Оваа иновативна техника може да се примени на сите делови на лицето и вратот, како и на многу делови од телото. Идеални кандидати за оваа процедура се тие помеѓу 35-55 години. Секако, конците може да се аплицираат и кај постари, но и помлади, зависно од индикација.

Постапката на апликација на конците може да трае од 30 минути до 1 час и бара неколку дена закрепнување. Присуството на мало црвенило, отоци и испакнатини на кожата се пропратни (не несакани) ефекти и се за очекување. Тие не сметаат во обавување на секојдневните активности. Веднаш по процедурата кожата е видливо затегната, а крајниот ефект е затегнување, дискретен или силен лифтинг (во зависност од типот и бројот на конци) и контурирање на сите делови на лицето, вратот и телото. Максималниот ефект се забележува по 1 до 2 месеци, а квалитетот на кожата се подобрува во периодот од 1,5 до 2 години.

Цените за lifting threads односно конците се од 3.000 денари по конец (кај тие што дозволуваат да се делат), или пакети од 300, 400, 500, 600, 700, 800 и 1.000 евра. Кај секоја индивидуа различен е пристапот, но и количините потребни за оптимален резултат.

За повеќе информации, контактирајте не. Вршиме комплетни прегледи за нашите клиенти и препорачуваме најсовремени процедури за борба против стареењето, иритациите, брчките и било кој останат кожен проблем.

La Bellezza Center Skopje, over 32 years experience in skin, aesthetics & medical cosmetology.
 www.LaBellezza.com.mk & [email protected]
 +389 70 222 601  +389 75 222 601
 Address: Vidoe Smilevski Bato 3, 1000 Skopje 

RELATED ARTICLES
- Advertisment -

Most Popular