Sunday, November 3, 2024
spot_img
домаЕстетска козметологијаВидеаПревенција на акни од вежбање и теретани

Превенција на акни од вежбање и теретани

Вежбање, фитнес и посета на теретани предизвикува прекумерно потење и користење на справи и реквизити употребени од многу луѓе. Со самото тоа, телото е подложно на разни иританти како прашиња, пот и бактерии. Сето тоа може да доведе до процес на исфрлање односно инфламација и акни.

Сепак, не треба да се откажувате од вежбањето. Клучот за здрава кожа е во одржувањето на соодветна хигиена пред, за време и по вежбањето. Погледнете ги советите за пред, за време на и после вежбање:

ПРЕД ВЕЖБАЊЕ И ТРЕНИНГ:

  • Отстранете ја вашата шминка. Нема потреба да го миете лицето, истото може да го направите и со “oil-free” марамици.
  • Вежбајте во облека свежо исперена и не носена! Мртвите клетки на кожата, бактериите и маслата на неизмиена облека можат да ги заглават порите, што доведува до појава на акни. Тоа значи дека дури и маицата да ви е свежо испрана, а вие сте седеле дома во нејзе, не треба да ја носите во теретана!
  • Нанесете крема за сончање (oil-free) пред да се упати надвор. Дури и кога нема сонце, секогаш да аплицирате фактор за заштита при вежбање надвор.

ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЖБАЊЕ:

  • Користете чиста крпа за бришење на потта. Секоја капка пот е битна да се отстрани за време на тренингот. Повторувајте ја оваа постапка цело време додека вежбате. Забелешка: Кога користите пешкир за бришење на пот, не го правете тоа силно и со дразба, туку нежно со слаб допир и абсорбција. Класичното бришење како после туширање не е препорачливо.
  • Избегнувајте споделување на заштитна опрема кога е можно. Овие реквизити можат да бидат полни со бактерии што предизвикуваат акни.
  • Избришете ја споделената опрема пред да ја користите (со влажни марамици). Заедничката опрема може да биде полна со бактерии и масла кои предизвикуваат акни. Ако ја користите опремата, а потоа го избришете вашето чело или друга кожа склона на акни, можете лесно да ги проширите бактерии.

ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА ВЕЖБАЊЕТО:

  • Туширајте се веднаш по завршувањето на тренингот! На овој начин се веднаш се отстрануваат бактерии кои можат да предизвикаат акни. Не туширањето веднаш после тренинг е еден од најголемите грешки што ја правиме при вежбање.
  • Доколку нема туш, користете марамици за дезинфекција на местата каде што сте склони за исфрлање, а потоа кога ќе дојдете дома, веднаш истуширајте се.

При туширање, користете средства на кои пишува “non-comedogenic” како и “won’t clog pores”.

Препораки од американската академија за дерматологија & Ла Белеца центар. Во Ла Белеца центарот имаме повеќе од 3 декади искуство во медицинска козметологија и акнетерапија, а со тоа и убедливо најдобри резултати. 
Reference: 
Fulton JE, Acne Rx: What acne really is and how to eliminate its devastating effects! Self-published; 2001.

La Bellezza Center 
Естетска и Медицинска Козметологија 
Адреса: булевар Видое Смилевски Бато број 3 & 7
Телефон: +389 70 222 601 / +389 2 2430 432 / +389 70 268 009
Е-mail: [email protected]

RELATED ARTICLES
- Advertisment -

Most Popular