Овошни киселини и хемиски пилинзи – Препаратите од АХА киселини се употребуваат исклучиво во периодот од есен до пролет.
Наменети се како специјални третмани за годишно прочистување на кожата – нежни, но со своето дејство ја активираат клеточната миграција и ја забрзуваат реконструкција на дермисот и епидермисот, се активира микроциркулацијата, обезбедуваат микронутритиенти на соодветната област.
Хемискиот пилинг е доста ефикасна дерматолошка процедура
Хемиски пилинг на кожата вклучува локална примена на хемиски агенси со цел да произведат контролирана повреда до посакуваната длабочина, овозможувајќи за подоцна регенерацијата на кожата што може да доведе до подобрување на текстурата, похомогена пигментацијата и природно намалување на брчки. Тоа подразбира употреба на хемикалии како Трихлороцетна киселина ( TCA IO% -70 %), хидрокси киселини (како гликолна киселина ГА 20 % -70 %), салицилна (бета хидрокси ) киселина, карболна киселина ( фенол 88 %) кои се најчесто користените лекови, потоа млечна киселина и резорцинол.
ЦЕНА: 1.000 денари од третман. Се препорачуваат 3 третмани, а некогаш и повеќе во зависност од состојбата на пациентот и изборот на третман. Цената за 3 третмани изнесува 2.400 денари.
По проучувањето на соодветниот тип кожа и нејзината чуствителност, дерматологот одлучува за видот на пилинзите и нивните концентрации. Изборот на хемиски агенси зависи од обемот и длабочината на оштетување на кожата. Постојат неколку типа на хемиски пилинзи ИНДИКАЦИСКИ НАМЕНЕТИ првенствено за следниве состојби на кожата на лицето, деколтето или грбот.
1.За Реепителизација
Високи концетрации на регенерирачки и хидрирачки компоненти за интензивна реепителизација- обнова на епидермот, омекнува и елиминира мали бразди и други знаци на стареење или несовршености на кожата,подобрува текстура,изедначува тен и подобрува квалитет на кожа
2.За акни како и лузни кои се резултат на акни, пеги, фини линии, проширени пори
Се подобрува функцијата на кожата, се намалуваат воспалителните процеси, кожата многу помалку се масти – делува на вишок на себум, а се подтикнуваат подлабоките структури на кожата на поинтензивна регенерација. Хемиските пилинзи ја регенерираат и чистат кожата со процес на одстранување на површинскиот слој на изумрените клетки. Во терапијата на акни се работи со палета на хемиски пилинзи со различна концентрација на киселини, специјални длабоки чистачи и неутрализатори, серуми, кои се аплицират во еден третман кои временски трае околу 20 минути и се повторуваат во циклус од 6-10 во серија.
3.Anti-Aging терапија
Активираат миграција и регенерација на епителните клетки, делуваат ревитализирачки, стимулација на создавање на колаген и регенерација на клетките во долните слоеви на кожата, антиоксидативен потенцијал во борба против мимични бразди
4.За Хиперпигментации
Делуваат локално со силен избелувачки ефект, депигментирачки, антиоксидирачки на меласма, пигментации-темни кругови, како промена на бојата на кожата поради изложување на сонце (фото), старосни пеги, бременост, апчиња за контрацепција, реакции на лекови, пост – воспалителни хиперпигментација или пигментацијата како резултат на болест или лекување на кожни или други внатрешни инфекции или заболувања (кожата е огледало на внатрешното здравје)
Исклучително ефикасни за разбивање на старечки флеки на дланките и лицето
5.Третман на Кератози – груби, рожнати слоеви на лакти, колена, стапало
- Овошните киселини со помали концентрации-се прават во серија од 6-8 (2 пати неделно)
- Хемиските пилинзи се појаки(медицински)– се прават 4-6 (на две недели)
La Bellezza Center
Естетска Дерматологија, Медицинска Козметологија и Туристичка Агенција
Адреса 1: булевар Видое Смилевски Бато број 3 – Туристичка Агенција
Адреса 2: булевар Видое Смилевски Бато број 7 – Естетска Дерматологија и Медицинска Козметологија
Телефон: +389 2 2430 432 / +389 70 222 601 / +389 70 268 009
Е-mail: [email protected]