Saturday, April 20, 2024
spot_img
домаНовости и БлогБлог и ЗанимливостиДерматологија: Колку често треба да се бањаат вашите деца?

Дерматологија: Колку често треба да се бањаат вашите деца?

Факти од Американската Академија за Дерматологија – Колку често треба да се бањаат вашите деца?

Сте се запрашале ли колку често треба да ги бањате вашите деца? How often do Children need to Bathe? – едно од најинтересните прашања одговорени од најдобрите дерматолози во Светот, совет на Американската Академија за Дерматологија.

Детството, особено пубертетот се едни од најбитните периоди во нашите животи. Кога децата се мали, тие не треба да се бањаат повеќе од 2 до најмногу 3 пати неделно – рече Проф. Д-р Роберт Сидбари од University of Washington, шеф на одделот за дерматологија. Кај малите деца, потребата на некои микроорганизми да останат на нивната кожа е битна за подобрување на нивниот имун систем, а често бањање (секојдневно или на 2 дена), може да ги отстрани овие микроорганизми кои во таа возраст се потребни.

Според Американската Академија за Дерматологија и Естетска Медицина, ви препорачуваме да го земете во предвид следното:

  • Деца од 6 до 11 години треба да се бањаат не повеќе од 2 до најмногу 3 пати неделно
  • Деца од 6 до 11 години треба да ја мократ и мијат својата коса со шампон еднаш до најмногу два пати неделно (оваа рутина е особено важна се до пубертет кога може секојдневно да се мие косата бидејќи коренот и влакната созреваат до поголем степен)
  • Во пубертет, после 12-тата година, треба да се бањаме еднаш дневно
  • Во пубертет, после 12-тата година, треба да ја мократ и мијат својата коса со шампон секој втор ден
  • ЕКСТРА информација: Деца во пубертет, треба да започнат секојдневно да го мијат своето лице, еднаш на сабајле и еднаш навечер пред заспивање за да ги отстранат маслата и нечистотии.

La Bellezza Center 
Естетска и Медицинска Козметологија
Адреса: булевар Видое Смилевски Бато број 3 и 7 – Естетска и Медицинска Козметологија
Телефон: +389 2 2430 432 / +389 70 222 601 / +389 70 268 009
Е-mail: [email protected]

RELATED ARTICLES
- Advertisment -

Most Popular