Оттука, прашањето кое треба да се постави е: Која е најдобра процедура за стимулација на нов колаген?
Одговорот е едноставен: ХИФУ (HIFU – High Intensity Focused Ultrasound). ВИДЕО: Процес на создавање на нов колаген со стимулација од ХИФУ/HIFU: Што всушност е HIFU? Постојат многу методи за затегнување и подмладување на кожата на лицето и телото. Најчесто познати како не-хируршки лифтинг (face-lifting), тоа се процедури како хијалуронски филери, ботокс, 3Д мезо конци, РФ, ласерска рејувенација и слично, но приматот во не-хируршката естетска медицина го има заземено метода која е моментално на А-листата на светските познати личности, е ХИФУ. Се работи за естетска процедура која пенетрира најдлабоко во кожата од сите досега препарати достапни на пазарот. Ултразвукот всушност го уништува вашиот стар и оштетен колаген и еластин, а со тоа стимулира масовна миграција на нови клетки фибробласти на местото на ултразвучниот удар. Така, масовното населување на нови фибробласти доведува до комплетно нова продукција на колаген и замена на стариот со нов.
ULTHERA, ULTRAMAGE: HIFU со МИКРОфокусиран наместо фокусиран ултразвук – најнова технологија достапна во Ла Белеца Центар.
Пратејќи ги светските трендови и најнови научни достигнувања, Ла Белеца центар континуирано инвестира труд и време за нашите клиенти да имаат пристап до најсовремените технологии во естетската и antiaging медицина. ХИФУ (HIFU) како технолошка иновација, први ја донесовме во Македонија уште во далечната 2018 година, а почнавме со работа на почетокот на 2019 година. Во меѓувреме, техниката се надградуваше, но не се промени. Сега, ви претставуваме променета и адаптирана верзија на ХИФУ, најнова технологијата – Ulthera/Ultramage HIFU: МИКРОфокусиран ултразвук со висок интензитет, наместо досегашниот фокусиран ултразвук. Прочитајте повеќе за новиот апарат со кликнување на линкот ULTHERA/ULTRAMAGE HIFU.
Што да очекувате од ХИФУ терапијата?
- Пенетрација до SMAS, Superficial muscular aponeurotic system (мускулно-апоневротичен слој) кој е одговорен за ремоделирање на колагенот и контракција на еластичните влакна, т.е. со помош на стимулација од ХИФУ апаратот, се постигнува обнова на колагенот како и производство на нов колаген.
- НАПОМЕНА: SMAS е слој кој досега ниту еден препарат за не-хируршки face-lifting не го достига со дејство!
- Времетраењето на терапијата може да е од 20 минути до 1 час, во зависност од регијата на третман.
- Резултатите се долготрајни, а понекогаш промените се гледаат многу брзо.
- Крајниот резултат можете да го забележите после 45 до 90 дена, а некогаш и до 6 месеци, а времетраењето на крајниот резултат може да трае и до 2 години што е исто така недостижно со претходни процедури!
- Третманот може да се повтори на 3 месеца, но не повеќе од 3 до 4 пати во 2 годишен период.
- HIFU третманот е со мал дискомфорт (нема класична болка) и не е потребна анестезија. Нивоата на енергија се различни, а пациентот се третира со енергија до која се чувствува комотно.
- После третманот, кожата може да биде благо зацрвенета, но по неколку часа црвенилото ќе се повлече и можете да се вратите на секојдневните активности. Може да ја чувствувате регијата на која се работело внатрешно затегната, како после вежбање. Секако, тоа е моментално чувство кое може да трае неколку часа до неколку дена.
- HIFU терапијата не го оштетува епидермисот на кожата!
- Може да се комбинира со други медицински третмани, но напоменуваме дека препарати како хијалуронски филери, ботокс и мезо конци не треба да бидат аплицирани непосредно пред терапијата со ХИФУ!
- HIFU третманот е многу погоден за кожа која има изразени знаци на стареење како паднат тонус, изразени брчки, спуштена и висната кожа, но исто така и за слоеви на масни наслаги околу подбрадокот.
- HIFU SLIMMING програма: ХИФУ има посебна програма за стомак, раце, нозе и задник односно сите регии на телото каде што имаме проблем со вишокот на масни наслаги и висната кожа (надлактици, стомаче после породување или нагло слабеење, “love handles”, околу колена, итн).
- HIFU терапијата дава одлични резултати за познатата состојба на вратот позната како “Turkey neck” и за затегнување и подмладување на кожата на деколтето.
- Наменет е за двата пола подеднакво!
👩⚕️ La Bellezza Center Skopje, over 29 years experience in skin, aesthetics & medical cosmetology.
➡️ www.LaBellezza.com.mk & [email protected]
☎️ +389 70 222 601 📞 +389 75 222 601
➡️ Address: Vidoe Smilevski Bato 3, 1000 Skopje
➡️ HIFU, Skin, Skincare, Beauty, Cosmetic, Cosmetology.