Friday, December 6, 2024
spot_img
домаНовости и БлогБлог и ЗанимливостиRefinery29: Глобалниот тренд на хијалуронски филер на чело

Refinery29: Глобалниот тренд на хијалуронски филер на чело

Во минатата декада, разговорите за естетски процедури и пластична хирургија беа со “придушени тонови”, односно не секој зборуваше толку отворено. Денес, не само што овие процедури се тренд туку и се дел од новата нормалност. Така на пример, нехируршката ринопластика (која го менува обликот на носот без да мора да правите операција), па се до “jawline” процедура и слични третмани се пополуларни од кога било. Но еден третман, во моментов е специфично популарен – FOREHEAD FILLER! (хијалуронски филер на чело).

Апликација на хијалуронски филер (дермален филер) кај машко: Веднаш по апликација на едната страна на челото.

Како што велат во текстот на светски познатиот Rafinery29, гледајќи се себеси преку незгодната и непријатна предна камера на телефоните односно “selfie” камера, ја зголеми несигурноста на многу луѓе. Потоа, тука е TikTok, Инстаграм и останти апликации. Безброј лекари и среќни пациенти објавуваат постови на разни социјални медиуми за да ја споделат својата експертиза и уникатни искуства, зголемувајќи ја возбудата околу новите козметички трендови. Еден од трендовите на TikTok што во моментов предизвикува бранови е полнење на челото со хијалуронски филер. Судејќи според комбинираниот број на прегледи, лајкови и коментари прикачени на хаштагот, тој полека но сигурно станува многу барана процедура. 

Што е “forehead filler” и кои се бенефитите од истиот?

Со текот на годините нашата кожа ја губи способноста за природна регенерација, хидратација и продукција на важни компоненти. Затоа после нашата 20та година, важно е кожата редовно да ја одржуваме и да ја „дополнуваме“ со разни хранливи материи, витамини, минерали и други активни супстанци во поткожното ткиво. На тој начин се стимулира пред се интензивна нутриција, а и ревитализација на кожата и ткивата. Сепак, најдобар начин за да и помогнеме на нашата кожа за посјаен, свеж и квалитетен изглед е хијалуронската киселина. Таа може да се аплицира на повеќе начини, меѓу кои едниот е со дермални (хијалуронски) филери.

ВИДЕО: Волумен & хидратација на кожата, како делува хијалуронската киселина?

As we age, the collagen and elastin in our skin begins to break down, resulting in sagging, loss of volume, and wrinkling — particularly in the forehead where the muscles of facial expression are highly active and the tissue below the skin is thinner. Forehead filler can be used to subtly improve the skin and reduce the lines caused by natural ageing” – Dr Kaywaan Khan, Hannah London.

Која е разликата помеѓу ботокс и филер на чело, “forehead filler”

Инјекциите на ботулински (ботулинум) токсин кои најчесто се нарекуваат под името на брендот, ботокс, го релаксираат мускулот под кожата. Така, се „замрзнува” движењето на тие предели од лицето. На тој начин, се оневозможува и правење на гримаси и мускулни движења, а брчките се „пеглаат”. Филерот пак од друга страна, не делува во мускул туку во самата кожа. Ја пополнува самата брчка во кожните структури (како на видеото), а околното ткиво го хидрира, давајќи изглед на посјајна, мазна кожа. Ова решение е потрајно. Ботоксот трае апроксимативно 3 месеци со целосно дејство, а потоа попушта. Филерот на чело пак, трае и до неколку години.

Мора да се напомене дека оваа процедура иако изгледа „брза и едноставна“, сепак сноси ризици доколку не се изведува од стручно лице, лекар или специјалист со дополнителна обука за оваа специфична зона!

За повеќе информации, контактирајте не. Вршиме комплетни прегледи за нашите клиенти со тим од специјалисти и врвни лекари. Препорачуваме од најсовремени процедури до најосновните прилагодувања за долготрајни резултати. Дојдете да научите како да се борите против стареењето, иритациите, брчките и било кој останат кожен проблем.

La Bellezza Center Skopje, over 31 years experience in skin, aesthetics & medical cosmetology.
www.LaBellezza.com.mk 
+389 70 222 601 & +389 75 222 601
Address: Vidoe Smilevski Bato 3, 1000 Skopje  
Nosejob / Filler / Nonsurgical rhinoplasty

 

RELATED ARTICLES
- Advertisment -

Most Popular