Saturday, April 20, 2024
spot_img
домаНовости и БлогБлог и Занимливости6 рутини за нега на кожата кои ќе Ви ја влошат состојбата...

6 рутини за нега на кожата кои ќе Ви ја влошат состојбата на акните!

Сте биле во ситуација кога пробувате да го решите проблемот со акните, но сепак гледате нови пробивања? Иако ретко се случува, доколку Ве третира вистински професионалец, сепак, погрешната рутина за нега на кожа може драстично да ја влоши Вашата ситуација, а тоа се потврдува преку публикацијата на Американската академија за дерматологија која ги наведува следните 6 погрешни навики:

1. Најчеста грешка при третман на акни без консултација од дерматолог: Менување на терапијата секој недела или на неколку недели! 

Најчесто, лицата кои не побарале професионална помош од дерматолог, се служат со разни препарати или креми, но поголемата грешка при третирањето е дека голем број од луѓето пробуваат различни терапии во многу брз период и го менуваат продуктот односно терапијата.

Што да направите како предлог: Дајте и време на терапијата да делува. Немојте да менувате терапија/продукти пред да поминат 6 до 8 недели! Да, најчесто третманите траат подолго од што очекувате, а доколку сакате побрз и поефикасен третман, треба да посетите професионалец, исклучиво дерматолог.

2.Аплицирање на продукт/терапија само на воспалените места.

Всушност, звучи многу логично дека треба да аплицирате само на местото на инфламација, но овој пристап нема да спречи нова инфламација односно исфрлање.

Што да направите како предлог: Аплицирајте правилно на целата кожа/регија каде што е инфламацијата и околу.

3.Употреба на погрешна шминка, продукти за нега на кожа или коса. Вашата кожа може многу лесно да биде иритирана дури и од најмало количество на горенаведените супстанци.

Што да направите како предлог: Кога одбирате продукт, побарајте продукт каде што ќе видите ознака “non-comedogenic” или won’t clog pores”.

4.Спиење со шминка. Дури и тие шминки и препаради означени со “non-comedogenic”, при спиење може да предизвикаат исфрлање! Една од најголемите грешки е доколку заспиете со шминка на вас.

Што да направите како предлог: Извадете ја шинката пред спиење и убаво измијте го вашето лице. Немојте да го миете лицето повеќе од 2 пати во текот на денот.

5.Употреба на “SCRUB” препарати може да ви ја влоши состојбата! 

6.Сам свој доктор! 

Да, најопасниот момент е доколку се обидете сами да ги отстраните вашите акни. Доколку сами се третирате, можете да поттикнете инфекција која ќе ви ја влоши ситуацијата.

Акните се како испакнати торбички полни со бактерии и маснотии. Овие торбички се составени од жлезди кои секретираат масла (sebaceous glans) кои најголем дел се лоцирани на нашето лице. Маслата се движат надвор од овие жлезди преку нашите пори. Но, понекогаш мртвите клетки и бактериите навлагаат во порите и ги блокираат.

Ви препорачуваме професионален дерматолошки третман во Ла Белеца центарот. Акнетерапија во Ла Белеца: убедливо најдобри резултати!

Ако сте пробале се и сте биле секаде, а не сте задоволни од ветувањата и резултатите, нека ви бидеме откритие на година како што често не нарекуваат

La Bellezza Center 
Естетска & Медицинска Козметологија 
Адреса: булевар Видое Смилевски Бато број 3 & 7
Телефон: +389 70 222 601 / +389 2 2430 432 / +389 75 222 601
Е-mail: [email protected]

 

RELATED ARTICLES
- Advertisment -

Most Popular