Friday, March 29, 2024
spot_img
домаНовости и БлогБлог и ЗанимливостиАкне терапија - совети од Dr. Sandra Lee (позната како Dr. Pimple...

Акне терапија – совети од Dr. Sandra Lee (позната како Dr. Pimple Popper)

Dr. Sandra Lee, познатиот американски дерматолог која предводи своја колекција за нега на кожа (SLMD Skincare), позната како Dr. Pimple Popper, ви открива корисни работи на кои треба да обрнете внимание доколку сакате правилна акнетерапија.

Leave the pimple popping to the professionals! 

Како и секој доктор, дерматолог или специјалист за акнетерапија, така и Д-р Сандра Ли, ви препорачува да се воздржите од стискање на акни сами, на козметичари или по дома бидејќи тоа е работа строго на професионалци, доктори. Стискањето на акни без помош од дерматолог, може само да ви ја влоши состојбата па дури и да го направите вашето лице подлежно на дополнителни инфекции. Погледнете го нашето видео зошто треба да внимавате на горенаведеното.

“Доколку не можете да издржите и сакате сами да ги решите проблематичните акни кои ве нервираат и ви сметаат, потребно е да знаете бар кога точно и како најдобро можете да го направите тоа” – вели Д-р Сандра Ли. 

Почекајте додека акните станат зрели, со бел центар и секогаш пред било каков самостален зафат, измијте ги рацете и лицето и стерилизирајте го местото. Бидете нежни со притискањето кое треба да биде еднакво од сите страни, и никогаш не притискајте со голема сила бидејќи на тој начин само ќе помогнете инфекцијата да се прошири. Сепак, уште еднаш ве замолувам да се обратите на професионалец (доктор) и да се воздржите од решавање на овие проблеми самостојно – вели Д-р Сандра Ли.

Keep your hands OFF your face!

Одбегнувајте контакт со акните бидејќи дополнително може да стимулирате инфекција и влошување на состојбата. Често пати, при појава на акни, луѓето се допираат на местата без притоа да внимаваат на хигиената на рацете и лицето.

Know your ACNE type

Не секогаш акнетерапијата која му помогнала на вашиот пријател, значи дека ќе делува и кај вас. Сами, нема да можете да го процените типот на вашите акни и да го одберете најдобриот начин за терапија, па затоа, за успешни и долготрајни резултати, обратете се исклучиво кај дерматолог!

Don’t give up on moisturizer

Секогаш водете грижа за кожата на вашето лице. Безразлика дали сте склони кон акни, негата на лицето со разни видови на креми е добредојдена. Секако, треба да внимавате на кремите и да одберете препарати што нема да ви ја влошат состојбата со акните а воедно ќе ви помогнат за одржување на нега на лицето и кожата. За добар избор на продукти, потребна е консултација со дерматолог.

Push your bangs back

“Oils from your hair can travel to your skin, clogging your pores and causing acne” – вели познатиот американски дерматолог, Д-р Сандра Ли. Косата односна влакната, знаат често пати да ја влошат состојбата и да доведат до дополнителна инфекција на региите со акни. Затоа, кога сте дома, ви препорачуваме да носите венче или ластик со кој ќе попречите контакт на косата и региите на лицето кои се проблематични.

Bring towelettes to the gym

Доколку вежбате, секогаш носете си чист пешкир и редовно одржувајте хигиена на вулнерабилните регии. Наместо да се бришете со облеката, паломи или друг вид на материјал, секогаш носете си посебен пешкир додека вежбате.

Кој продукт го препорачува Д-р Сандра Ли како универзален препарат за подобрување на состојбата на кожата и решение за акните?

Еден од револуционерните методи во дерматологијата е всушност толку мал препарат, но се води можеби како најуспешен во долготрајно третирање не само на акни, туку и на лузни од акни и дупки на лицето. Тоа е ДЕРМАПЕНОТ. Прочитајте повеќе за начинот на кои работи овој препарат, како се употребува и за што служи со кликнување тука

La Bellezza Center 
Естетска Дерматологија & Медицинска Козметологија 
Адреса: булевар Видое Смилевски Бато број 3 & 7 – Естетска Дерматологија и Медицинска Козметологија
Телефон: +389 70 222 601 / +389 2 2430 432 / +389 70 268 009
Е-mail: [email protected]

 

RELATED ARTICLES
- Advertisment -

Most Popular