Thursday, April 18, 2024
spot_img
домаКозметологијаУбавина и ЗдравјеAlexandria Ocasio-Cortez: Рутина за нега на кожа и лице

Alexandria Ocasio-Cortez: Рутина за нега на кожа и лице

На крајот на 2018та година, за време на предизборната кампања, Alexandria Ocasio-Cortez привлече внимание на светските медиуми за убавина и здравје преку нејзината изјава дека негата на лице и кожа не треба да ни е приоритет, напротив, нешто за кое не се ни разговара воопшто, нешто кое е обавезно! 

self-care wouldn’t just be a priority, but a nonnegotiable thing!

Александриа Кортез минатата година беше избрана за конгресмен во највисокото политичко тело на САД. Со нејзиниот избор, таа стана најмладата жена во историјата на САД која ќе биде претставник во ова тело [U.S. Congress]. Неколку недели по нејзиниот избор, 29 годишната Александриа, на социјалните мрежи но и во интервју за VOGUE откри дел од нејзината рутина за нега на кожа и лице.

„Негата на кожа е мое хоби, а јас сум бубалица, особено кога се работи за научен (медицински) пристап“ – вели Александриа Кортез на нејзиното Instagram Story.

“Skin care is straight-up a hobby of mine,” she explained on her Instagram Stories. “I’m a science nerd and I truly enjoy the science of it, reading about compounds and studies.

Пред да ви ја откриеме рутината за нега на Александриа Кортез во понатамошниот текст, како што и самата таа вели, секој третман на лице и тело треба да биде од исклучиво научно едуцирано лице, во случајов доктор. Секој третман на лице и тело во La Bellezza започнува исклучиво со дерматолошки преглед на кожата од страна на специјалист дерматолог. Исто така, дерматологот е одговорен и за самиот третман.

1.Домашна рутина на американската конгресменка 

Во интервјуто за VOGUE, таа открива дека сака да експериментира со различни маски за лице дополнети со колагенски лепенки за подочњаци [under-eye patches]. Сепак, конгресменката потенцира дека чистењето на лицето веднаш штом дојдете дома е многу битно и прва работа што ја прави после работното време. На тој начин, и дозволува на кожата максимален одмор од шминката која ја нанесува секој ден.

„Секој ден користам дневна крема за заштита од сонце [daily sunscreen] уште од мои 19 години!“

Еден од најбитните работи за нега на кожа која нажалост во Република Македонија е ретко практикувана, е токму тоа што и американската академија за дерматологија го препорачува – дневна употреба на крема за заштита од сонце [daily sunscreen]! Оваа навика, нажалост во нашиот регион се користи повеќе во летниот период и при одење на плажа.

2.Професионална нега на американската конгресменка: multi-step skin-care regime 

Како најмлада конгресменка која моментално е најекспонираното лице на социјалистичкото крило на демократите во САД, Александриа ја открива и нејзината мулти-степ комбинација за одржување на нега на лице и кожа. Како што и самата вели, научниот (докторски) аспект на негата на кожа е од особено големо значење, но сепак не открива кои точно инвазивни или полуинвазивни процедури ги користи.

Како и да е, редовните месечни третмани на лице и врат од професионален дерматолог се дел од нејзината процедура. Младата Александриа, веројатно според изгледот на нејзиното лице и анатомската поставеност, може да се претпостави дека покрај редовните facials третмани, веројатно употребува мали дози на ботокс на горните регии на лицето. Нејзината мулти-степ комбинација завршува со ласерска рејувенација или RF на лице и врат. 

ПРЕПОРАКА: Одберете еден од класичните дерматолошки третмани (1.200 денари) во Ла Белеца или започнете со вашата Ласерска Рејувенација.

La Bellezza Center
Естетска и Медицинска Козметологија 
Адреса: булевар Видое Смилевски Бато број 3 & 7
Телефон: +389 70 222 601 / +389 2 2430 432 / +389 75 222 601
Е-mail: [email protected]

RELATED ARTICLES
- Advertisment -

Most Popular