Tuesday, April 23, 2024
spot_img
домаКозметологијаУбавина и ЗдравјеПревенција на црвенило на рацете

Превенција на црвенило на рацете

Осипот на рацете може да биде фрустрирачки особено кога не е позната причината за истиот. Тој се случува од две причини: надворешна иритација или пак внатрешен процес во вашето тело. Иако егземата е најчеста причина за појава на осип на рацете, сепак тоа може да биде и од алергиска реакција, недоволна нега особено во зимски период и разни иританти.

Дерматолошки совети за спречување на осип на рацете се следни:

1.Правилна хидратација на рацете: Покрај лицето, најизложени на оштетување на кожата во зимските денови се вашите раце. Користете ракавици, шал, фактор за заштита и друг вид на креми.

Неколку пати во текот на денот, мијте ги вашите раце и веднаш потоа нанесете хидратантна крема. Кажете им збогум на лесните хидратантни креми кои што цело време сте ги користеле. Време е да ја „мачиме“ кожата со посериозен хидратор!

2.Доколку миете садови или работите работа каде сте изложени на иританти: Секогаш носете соодветна заштита!

Силните хемикалии од бои, лакови, но и средства за миење садови, може сериозно да наштетат на вашата кожа. Ова особено важи и за тие со лесна иритација на рацете. Без разлика дали сте маж или жена, секој од нас во текот на денот знае да фати и замие бар 1 чаша од кафето кое го испил. Дури и во мала доза, средствата може да доведат до иритација.

Доколку работите со бои и лакови, во вашата градина, реновирате во станот особено во текот на зимата, тогаш заштитата е нужност!

Се вели дека очите се прозорец на душата, но рацете се вратата на светот. Колку и да се грижите за вашето тело и изглед, рацете најлесно може да ви ги откријат годините и староста.

Hands Rejuvenation: Комплетна обнова на вашите дланки

Hands Rejuvenation: Комплетна обнова на вашите дланки

La Bellezza Center
Естетска и Медицинска Козметологија 
Адреса: булевар Видое Смилевски Бато број 3 & 7
Телефон: +389 70 222 601 / +389 2 2430 432 / +389 75 222 601
Е-mail: [email protected]

RELATED ARTICLES
- Advertisment -

Most Popular