Sunday, November 3, 2024
spot_img
домаНовости и БлогHands Rejuvenation: Комплетна обнова на вашите дланки

Hands Rejuvenation: Комплетна обнова на вашите дланки

Се вели дека очите се прозорец на душата, но рацете се вратата на светот. Колку и да се грижите за вашето тело и изглед, рацете најлесно може да ви ги откријат годините и староста.

Пејачката Мадона важи како една од жените кои се секогаш пример за свеж изглед и стегнато тело, но во последните неколку години, Мадона се соочи со сериозни критики за изгледот на нејзините раце (дланки). Најсериозна критика доби од светски познатиот медиум Dailymail.co.uk кој објави текст велејќи: Madonna’s age gap between her face and hand: “Wrinkled mitts give away the singer’s age as she attends UFC bout in New York”.

Пејачката Мадона е позната по тоа дека не штеди кога се работи за убавина и секогаш се грижи за својот изглед особено на телото и лицето. По објавената статија и сликата што ја виде целиот Свет, покрај подмладувањето на лице, Мадона започна да оди и на третмани за подмладување на рацете. Какви се овие третмани?

Волшебниот омилен третман на Мадона се изведува со комбинација на #1 мезотерапија (мезококтели) и #2 хијалурон (дермални филери). Третманот со мезококтели се изведува така што со ситни иглички во кожата се внесуваат мезококтели: минимално инвазивна метода која се состои од вбризгување на инјекции со коктел од хијалурон, витамини, минерали, ензими, плацента, аминокиселини и други активни супстанци во поткожното ткиво. Сепак, примарната процедура за комплетна обнова на рацете се прави со хијалурон односно дермални филери.

Со терапијата за обнова на рацете, крајниот ефект доведува до:

  • Комплетно нов изглед и покривање на сите знаци на старост
  • Подмладување, ревитализација и разубавување на кожата
  • Затегната, цврста и сјајна кожа
  • Превенција на појавување на први брчки и редукција на веќе постоечките
  • Природен лифтинг и затегнување на кожата

ЦЕНА: При употреба на дермални филери, цените за 1 ml [цел шприц] се 200€ , а према потребите на клиентот, шприцот/дозата може да е и помала но и поголема. За третман на пополнување на дланки со хијалуронски филери, најчесто се потребно од 1 до 2 ml, односно од 200€ до 400€ евра. Ефектите траат од 4 до 6 месеци, а после првото повторување може да траат и многу повеќе.
Доколку се комбинира со мезококтели, тие се вбризгуваат еднаш месечно по цена од 1.500 денари.

La Bellezza Center 
Естетска и Медицинска Козметологија 
Адреса: булевар Видое Смилевски Бато број 3 & 7
Телефон: +389 70 222 601 / +389 2 2430 432 / +389 75 222 601
Е-mail: [email protected]

RELATED ARTICLES
- Advertisment -

Most Popular