Saturday, April 27, 2024
spot_img
домаЕстетска козметологијаПроцедуриCO2 Fractional Laser: Најсовремена технологија во ласерската медицина

CO2 Fractional Laser: Најсовремена технологија во ласерската медицина

Во минатата декада, напредокот во ласерската медицина и индикациите кои може да се третираат со овие процедури е во постојан пораст. Помеѓу тие ласерски апарати и иновации е и најновиот CO2 фракционен ласер – еден од најефикасните технологии со широк спектар на употреба во медицината, како и силна прецизност на ласерскиот удар поради што се користи дури и во хирургијата.

Што е CO2 fractional laser?

Со својата бранова должина од 10.600 nm, CO2 ласерската енергија добро се апсорбира во вода. Високиот процент на вода во кожата го прави CO2 ласерот идеален за работа односно прецизна и безбедна аблација со добра пропратна хемостаза. Покрај неговата ефикасност во аблација на бенигни лезии, CO2 ласерот е особено ефикасен и користен од страна на естетски дерматолози, хирурзи и лекари во ревизија на лузни со фокус на лузни од акни, рејувенација на кожата, стрии, пигментации како и многу други индикации:

  • Лузни од акни: подобрување на текстурата на кожата и една од најуспешните, најдобри и уникатни процедури кои ги нуди CO2 фракциониот ласер – и тоа со брз период на опоравување за помалку од 1 недела!
  • Хиперпигментации
  • Подобрување на “релјефот” на кожата
  • Нежните и благи брчки односно фини линии
  • Мини лифтинг на кожата
  • Стрии низ телото, стрии после породување
  • Очни капаци и подочници: затегнување на кожата
  • Раце и дланки: затегнување на кожата, подобар тонус
  • Грб и тело: Лузни од акни, пост-оперативни лузни, останат вид на лузни
  • Вагинална рејувенација

Регии на работа со CO2 fractional laser:

Третманите со CO2 ласерот се персонализирани. Врз основа на проблемот кој го таргетираме, се одредува и идеалниот број на третмани. Но, запомнете – резултатите се видливи и задоволителни и со само еден третман! Постои можност третманите да се оптимизираат индивидуално, според животниот стил и желба на пациентот. Што значи тоа? Подлабоките третмани односно тие со поголема јачина и енергија даваат подобри резултати. Но, кај тие третмани времето на опоравување и регенерација на ткивото односно “downtime” е подолго. Постои и можност за работа со послаба енергија каде времето на опоравување е само неколку дена, но, резултатите се за нијанса послаби. Начинот на кој ќе се работи го одредуваат лекарот и пациентот на самиот преглед.

Колкаво е времето на опоравување (downtime) после третманот и како изгледа?

По завршување на самиот третман, но и првите 24 до 48 часа, ќе ја чувствувате кожата како да е изгорена од сонце. Лекарот односно специјалистот одредуваат терапија која ви ја аплицираат после самото завршување на третманот, како и за домашно лекување. Црвенилото кое може да биде проследено и со оток, најмногу се манифестира првите 24 до 48 часа, а потоа кожата постепено почнува да се смирува. Терапија ќе ви биде дадена за првите 7 дена, по што следува контролен преглед (по потреба) или телемедицински преглед. Првите неколку дена, кожата ќе ви биде многу сува, па затоа апликацијата на хидратантни креми е неопходна (според терапија од лекарот/специјалист). Овие денови се од исклучителна важност да се одбегнува експозиција на сонце.

НОВА КОЖА: Од вториот ден па се до 7миот ден, вашето лице ќе почне да се лупи – никако не треба сами да го лупите! Веќе од 7миот ден, се појавува новата кожа. Таа е нежна, розева, како “бебешка” кожа. Новата кожа се манифестира со розеникава пребоеност која може да трае и до неколку недели. Една недела по првичниот третман кога ќе се појави оваа нова кожа, може да се вратите на секојдневните активности, да нанесете пудра односно шминка (за жени), но при излегување на сонце обавезно е користење на фактор +50.

Временскиот период за комплетна регенерација зависи од јачината и длабочината на третманот. За разлика од старите технологии каде времето на опоравување беше и до 3-4 недели, со новата технологија на CO2 фракциониот ласерот ударот е во форма на матрикс – мрежа од точки. Се остава дел здраво ткиво околу тие точки и на тој начин се постигнува побрза и комплетна регенерација на ткивото кое е таргетирано. CO2 ласерот нуди долготрајни решенија односно комплетно природна регенерација и ткиво кое е ваше, не го снемува со тек на времето. Едноставно, квалитетот на вашата кожа се подобрува и добивате нова, свежа, обновена кожа. 

Ласерскиот третман се изведува од страна на тим од дерматолог, специјализант по општа хирургија и интернистички гранки. Цената на третманот (или пакет од третмани) зависи од индикацијата која се работи, а може да чини од 200, 300, 400, 500, 600 и 1000 евра. Laser device: Wavelength 10,600 nm, продукт од најсофистицираната фабрика за производство на ласери во медицинската ласерска индустрија, како и во електрониката, комуникацискиот и индустриски пазар – COHERENT USA.

За повеќе информации, контактирајте не. Вршиме комплетни прегледи за нашите клиенти и препорачуваме најсовремени процедури за борба против стареењето, иритациите, брчките и било кој останат кожен проблем.

 La Bellezza Center Skopje, over 32 years experience in skin, aesthetics & medical cosmetology.
 www.LaBellezza.com.mk & [email protected]
 +389 70 222 601  +389 75 222 601
 Address: Vidoe Smilevski Bato 3, 1000 Skopje 

RELATED ARTICLES
- Advertisment -

Most Popular