Постојат многу методи за затегнување и подмладување на кожата на лицето и телото. Најчесто познати како не-хируршки лифтинг (face-lifting), тоа се процедури како хијалуронски филери, ботокс, 3Д мезо конци, РФ, ласерска рејувенација и слично, но приматот во не-хируршката естетска медицина го има завземено метода која е моментално на А-листата на светските познати личности, HIFU терапија.
НАЈНОВО ВО ЛА БЕЛЕЦА ЦЕНТАР: ULTHERA, ULTRAMAGE: HIFU со МИКРОфокусиран наместо фокусиран ултразвук. Доколку сакате да прочитате повеќе за најновиот модел и технологија на ХИФУ, кликнете тука.

КАКО ФУНКЦИОНИРА НАЈНОВИОТ МОДЕЛ НА ХИФУ? Кликни тука за целосен текст за најновата технологија на Ulthera, Ultramage: HIFU со микрофокусиран ултразвук.
НАПОМЕНА: Долунаведениот текст е за претходниот модел на ХИФУ: HIFU (3D, 4D, 7D).
HIFU е кратенка од HIFU – High Intensity Focused UItrasound – процедура која користи силен интензитет на фокусиран ултразвук кој е докажано безбеден иако неговата пенетрација во ткивото е до степен каде што ниту една друга метода не може да достигне (погледни слики).
Најсовремен апарат во естетската медицина – ХИФУ (HIFU), достапен во Македонија!
Како што велат од EXPRESS.uk уште на самите почетоци кога се започна ХИФУ, тоа е на А-листата на светските познати личности (A-list of celebrities). Се најде нешто сосема ново во однос на пристапот, начинот на делување, неинвазивноста и резултатите. Тоа е HIFU технологијата. Во Ла Белеца центарот, како и секогаш, први во Македонија ги носиме иновациите во естетската и медицинска козметологија, а веќе неколку години успешно ја работиме оваа процедура. Процедурата е донесена во 2018 година, а активно се работи од 2019. Тренирани за ултразвук на кожа и тело од американската академија за естетска медицина.
ВИДЕО: Погледнете ги двете главни намени на ХИФУ (HIFU face-lifting: затегнување, регенерација и подмладување & HIFU weight loss: таргетирање на масни наслаги, стрии, целулит).
ВИДЕО: HIFU & Fibroblasts (Collagen production): Како функционира ХИФУ? Зошто се важни фибробластите кои се стимулирани од ХИФУ-то?
Што да очекувате од ХИФУ терапијата?
- Пенетрација до SMAS, Superficial muscular aponeurotic system (мускулно-апоневротичен слој) кој е одговорен за ремоделирање на колагенот и контракција на еластичните влакна, т.е. со помош на стимулација од ХИФУ апаратот, се постигнува обнова на колагенот како и производство на нов колаген.
- НАПОМЕНА: SMAS е слој кој досега ниту еден препарат за не-хируршки face-lifting не го достига со дејство!
- Времетраењето на терапијата може да е од 20 минути до 1 час, во зависност од регијата на третман.
- Резултатите се долготрајни, а понекогаш промените се гледаат многу брзо.
- Крајниот резултат можете да го забележите после 2 до 6 месеци, а времетраењето на крајниот резултат може да трае и до 2 години што е исто така недостижно со претходни процедури!
- HIFU третманот е безболен и не е потребна анестезија. Нивоата на енергија се различни, а пациентот се третира со енергија до која се чувствува комотно.
- После третманот, кожата може да биде благо зацрвенета, но по неколку часа црвенилото ќе се повлече и можете да се вратите на секојдневните активности.
- HIFU терапијата не го оштетува епидермисот на кожата!
- Може да се комбинира со други медицински третмани, но напоменуваме дека препарати како хијалуронски филери, ботокс и 3Д мезо конци не треба да бидат аплицирани 1-3 месеца пред терапијата со ХИФУ!
- HIFU третманот е многу погоден за кожа која има проблеми со тонусот, има изразени знаци на стареење, спуштена и висната кожа, но исто така и за слоеви на масни наслаги околу подбрадокот или било кој дел од телото (стомак, нозе, раце).
- HIFU терапијата дава одлични резултати за познатата состојба на вратот позната како “Turkey neck” и за затегнување и подмладување на кожата на деколтето.
- Наменет е за двата пола подеднакво!
- HIFU weight loss therapy: прочитајте повеќе за ХИФУ технологија за таргетирање на масти, стрии и целулит од утре на нашата веб-страна www.LaBellezza.com.mk
- HIFU slimming: машина за слабеење, разбивање масни наслаги, помага за стрии и најважно досега што ја разликува од сите останати машини за слабеење е истовременото затегнување на кожата на третираните регии.
ЦЕНОВНИК: Погледнете ги сите регии за третман со HIFU (слика)
ПРОМОТИВЕН МЕСЕЦ: цените важат за месец април како промотивен месец на новиот апарат HIFU. Цената на HIFU третманите во западните развиени држави се движат од 800 до 1500 евра по третман, а истите третмани во блиско соседство (на пример Србија) се до 3 пати поголеми.
HIFU slimming: машина за слабеење, разбивање масни наслаги, помага во стрии и најважно досега што ја разликува од сите останати машини за слабеење е истовременото затегнување на кожата на третираните регии. Повеќе информации како и промотивни цени и пакети од утре (недела, 7ми Април).
Се работи на сите регии од врат до петици како: висечка кожа на рацете познато како свадбарски раце, задебелен и висечки врат (познат и како Turkey neck), ослабено меше после породување, затегнување на кожата на стомакот и околу стомакот, висната кожа околу колена, задебелени колена, love handles, како и затегнување на манекенски нозе.
Дополнително може да се третираат и регии како: затегнување на листови, гради, задник, манекенски нозе, бутови ,колкови…
Поради индивидуалните разлики во состојбата на одредена регија (се мисли на разлика во големина, ширина и дебелина на масни наслаги или ареа на третман, цените за регии на телото ги одредуваме на лице место по предхотен преглед на состојбата на телото од лекар дерматолог. Прегледот и консултациите се бесплатни.
La Bellezza Center Skopje
30 years experience in skin, aesthetics & medical cosmetology.
www.LaBellezza.com.mk & [email protected]+389 70222601 +389 75222601
Address: Vidoe Smilevski Bato 3, 1000 Skopje