Friday, April 26, 2024
spot_img
домаЕстетска козметологијаВидеа4D терапија со Мезо-конци

4D терапија со Мезо-конци [Ревитализација, регенерација, зацврствуање и појачување на тонусот]

Мезо-Конци [4D Facelifting, Skinlifting without surgery] е метода која користи потполно резорбирачки конци кои се вбризгуваат на различни нивоа на вашата кожа, а тие делуваат одвнатре со комбинација од 4 методи – ревитализација, регенерација, зацврстување и појачување на тонусот на кожата кои се особено битни за кожата на лицето, вратот, а и целото тело.

Ефектот на мезо-конците започнува моментално, а со нивната ресорпција доаѓа до формирање на нов колаген и еластин кој апроксимативно во период од 90-200 дена е формиран во дебелина од 1-3 милиметри, што и дава дополнителен зацврстувачки и ревитализиран изглед на вашата кожа на лице, врат, деколте, виснати надлактици, опуштен стомак и слично.

Какви се индикации вклучува користењето на Мезо-Конците?

  • Подобрување на состојбата со дупки на лицето;
  • Набори на лицето и регијата околу носот и усните;
  • Благи брчки околу устието и брадата;
  • Фини линии или брчки околу очите и на челото;
  • Затегнување на кожата на лицето и добивање на сјаен, цврст и младолик изглед;
  • Доколку имате разлабавена кожа особено на вратната регија, деколте, како и на околу градите;
  • Доколку имате висечка кожа на било која регија на телото вклучувајќи абдомен, нозе, раце, тие помагаат во зацврстување;
  • Затегнување на кожата после бременост или липосукција.

Делови од телото каде што можете да ги аплицирате Мезо-Конците за да ги постигнете горенаведените ефекти!

Техника на аплицирање и состав

Состав на Мезо-Конците (polydioxanone absorbable, hypoallergenic). Тие се аплицираат со специјални игли дирекно во вашата кожа. Пред апликација, на кожата се нанесува анестетик во вид на крем кој ќе ви ја намали болката, дури и понекогаш и воопшто не се чувствува целата процедура.

Уште еднаш да повториме дека овие конци се целосно ресорбирачки, не може да предизвикаат алергиска реакција, а при нивната бавна и долга разградба всушности тие активираат процес на неоколагеназа која го прави главниот ефект на конците односно создавање на нов и млад колаген и еластин, кои се главните градбени елементи во вашата кожа.

На што треба да запазиме при една ваква процедура?

  • Во наредните неколку дена, треба да се одбегнуваат мимики (смеење, џвакање) на нашето лице;
  • По можност во следните 4-5 дена, да избегнеме физичка активност;
  • Да одбегнеме масажи на лицето, користење на сауна или солариум;
  • Во првите 10 до 15 дена да одбегнеме користење на пилинг на лицето, масажи и слични механички процедури.

Како да го појачаме и подобриме ефектот од мезо-конците?

Научно е докажано дека користењето на мезо-конци во комбинација со Хијалурон, ПРП (Platelet Rich Plasma) метода ќе доведе до неверојатно зголемување и забрзување на ефектот на мезо-конците.

Видео – начин на аплицирање на Мезо-Конците

Цените за оваа процедура се движат од 400 до 600 денари по конец. Апликацијата на типот и бројот на конци зависи од индивидуалните потреби.
Постои и апликација на PDO конци кои се долги, поголеми и се користат при специфични случаи. Цената на PDO конците е 45 евра за еден.

La Bellezza Center 
Естетска & Медицинска Козметологија 
Адреса: Бул. Видое Смилевски Бато број 3 & 7 – Естетска и Медицинска Козметологија
Телефон: +389 70 222 601 / +389 75 222 601
Е-mail: [email protected]

RELATED ARTICLES
- Advertisment -

Most Popular