Friday, April 26, 2024
spot_img
домаЕстетска козметологијаПроцедуриNECK Therapy: Сите процедури за врат

NECK Therapy: Сите процедури за врат

Дали знаете која е најчеста грешка при третман на кожа?
– Третирање на лицето, но не и вратот!

Вратот е многу важна регија која треба да се третира на исти начин како и кожата на лицето бидејќи неговата изложеност на сонце, штетни материи и слично, е иста како и лицето.

Во Ла Белеца центарот постојат многу различни методи за третман на врат, а ќе ги споделиме најдобрите:

1.БОТОКС на врат 

Ви се појавуваат брчки? Имате повеќе линии на вратот? Кога зборувате, се нагласуваат тие линии? Не сте задоволни од вратот? Решението е брзо и ефикасно – ботокс на врат. Како и на секоја друга процедура, ботоксот има исто дејство: блокирање на реакцијата помеѓу нервот и мускулот. Па, така мускулот не ја добива информацијата да се контрахира и останува релаксиран. Така, брчките и кожата се измазнуваат. Цената е апроксимативно од 80€, 100€ па се до 200€ евра, во зависност од состојбата на вратот. ВИДЕО: Како делува ботоксот?

2.ПРОФИЛО (Profhilo): најнова формула на хијалурон

PROFHILO на врат: Препознајте ја убавината со новиот луксузен и гламурозен третман. Не е ботокс, не е класичен филер, а сепак основната компонента е слична. Слична, но комплетно различна во дејство, апликација и начин на функционирање. Овој продукт е на светскиот пазар веќе некое време, а во Ла Белеца центарот од 2019та година.

Формула која се разложува низ целата регија: Како стабилизиран производ Profhilo® активно дејствува во кожата околу 28 дена. За ова време, стимулацијата на 4 различни типа на колаген и еластин се одвива со бавно ослободување на хијалуронска киселина. За разлика од класичните филери за уста, брчки и останато кои примарно се користат за волумент, овој хијалурон (Профилио) не е за таа намена! Напротив, наместо волумен, профилиото се користи за биостимулација. Цената на третман со Профило е 300€. ПРОМОТИВНА ЦЕНА: 500 евра за два третмани кои се прават на разлика од 1 месец. Повеќе информации на следниот линк: “За прв пат во Македонија: PROFHILO”.

3.PRX-T33: најнова формула на пилинг

PRX- T33 е најнова и италијанска метода на хемиски пилинг за лице, тело и врат. Тој е моментален хит во светот особено поради формулата која овозможува третман било кога во текот на годината. Неинвазивна метода без боцкање со игли која ја ревитализира кожата во целост, ја регенерира, избелува и подмладува. Цените за PRX од регија се од 3.000 денари, па се до 4.500 денари. За пакети од 3 сесии, следува промоција.

4.Имате ваша skincare рутина?

Доколку да, секогаш користете ги истите постапки како за лице, така и на вратот. Доколку не знаете што е тоа skincare рутина односно доколку немате ваш концепт за нега на кожа на дневна база (наутро, навечер), дојдете во Ла Белеца и ќе ви помогнеме.

5.Ласери, HIFU и слични иновативни технолошки процедури

Имајќи во предвид дека денешниот императив на модерна жена е да што подолго го задржува младешкиот, свеж и убав изглед на својата кожа, ласерската рејувенација е дел од новата ера во борбата против стареење на кожата. Под дејство на ласерскиот сноп на светлина, се стимулираат матичните клетки на кожата на создавање на нови колагени и еластични влакна што битно и го враќа тонусот на кожата и редуцира знаците на стареење.

Слично на ласерите, но со сосема друг начин на стимулација на колаген, работи и најновата и најсовремена машина во естетската медицина: HIFU – High Intensity Focused Ultrasound. Како делува HIFU?

6.Ресорбилен имплант од комплекс за подмладување и хијалурон

CYTOCARE S Line е ресорбибилен имплант составен од хијалуронска киселина & комплекс за подмладување. Се вбризгува со микро-инјекции во горниот дермис и среден дермис од периорбитала и периоралната регија (вертикални линии на усните). CYTOCARE S Line ги исполнува фините линии и ја осветлува кожата. Исто така, корегира недостадоци како квалитет на кожата и текстурата. Количина на третман: 1 шприц x 3 ml.

Останати информации: Што би добиле при апликација на CYTOCARE S-Line и кои се индикациите?

  • Регија: Crow’s feet (околу очи) – комплетна регенерација
  • Ја измазнува кожата околу устата
  • Антиоксидантно дејство
  • Зголемува сјајност и светлина
  • Долготрајни природни резултати
  • Соодветен за сите типови на кожа од сите возрасти 

Цена: 150 евра третман за комплетна доза од 1 шприц x 3 ml.
Дозата може да се подели: 1,5 ml е 75 евра.
Времетраење на процедурата: 30-45 минути.
Линк за повеќе: Cytocare S-Line.

При посета на лекар, салон за убавина, спа центар или слично, постојат повеќе од 100 начини како вашето лице, тело или врат да станат сјајни и блескави, со помлад изглед. Сепак, најважен дел е третман од соодветно професионално лице. Затоа, многу е важно да знаете на кого му ја давате вашата доверба! Во Ла Белеца центарот работат стручни лица, лекари и специјалисти во областа на медицина и дерматологија, обучени од најдобрите светски академии за естетска и козметолошка медицина.

La Bellezza Center
Естетска и Медицинска Козметологија 
Адреса: булевар Видое Смилевски Бато број 3 & 7
Телефон: +389 70 222 601 /  +389 75 222 601
Е-mail: [email protected]

RELATED ARTICLES
- Advertisment -

Most Popular