Почитувани клиенти,

Ла Белеца Травел како туристичка агенција Ви нуди и услуга за закуп на 1) авионски билети до сите можни дестинации во Светот и сите авио компании. Исто така и 2) патничко осигурување за било која дестинација. Плаќањето преку интернет може некогаш може да донесе до непријатности од аспект на:

  • злоупотреба на лични податоци
  • скриени и дополнителни трошоци кои може да ве изненадат и афектираат на вашиот планиран буџет
  • дополнителни непријатности кои може да се јават

Ла Белеца Травел ви нуди сигурност, гаранција и конфортно патување согласно вашите барања и потреби. Сезоната на патувања за 2020 година ја дочекавме со непријатната состојба на пандемија, предизвикана со појава и брзото ширење на СOVID-19. Покрај веќе постојните мерки за заштита, постојат и рестрикции за патувања. На најголем дел од дестинациите, македонските државјани не се во можност да патуваат, освен при одредени случаи. За повеќе информации, контактирајте не на 070 268 009.

Новата реалност создадена од појавата на COVID-19, нагло го запре и бродскиот туризам односно 3) крстарењата на неодредено време. Се уште немаме сигурни информации кога би почнале крузерите со редовни линии.

Со почит, Ла Белеца ТРАВЕЛ. 

Напомена: Имајќи ја предвид моменталната состојба на прогласена пандемија на светско ниво, а поради прогресивното ширење на коронавирусот (COVID – 19), туристичката агенција ЛА БЕЛЕЦА ТРАВЕЛ, со големо жалење донесе одлука за ЦЕЛОСНО ОТКАЖУВАЊЕ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА на сите останати туристички аранжмани за престојните пролетни и летни патувања за целата сезона – лето 2020 година, за сите дестинации надвор од РСМ, заклучно до 30 септември 2020 година.