CELLUCARE– метода за отстранување на масни наслаги и целулит.

Мезотерапијата за целулит – (Cellucare мезококтелот) има докажано силно дејтво врз целулитот. Овој коктел го раствара масното ткиво, ткивото се детоксицира, почнува да дише и се враќа во нормала.

Кога е во прашање целулитот мора да се потенцира посебната ефикасност на оваа хемиска метода и нејзината супериорност во однос на механичките методи (масажи, ендермологии, кавитации) кои сепак се одлична надополна.

Се работи за научно унапредена формула на мезотераписки коктел – формулиран да биде во синергија, со цел борба против дифузниот целулит, делувајки како на површинските така и на длабоките партии на ткивото на кожата. Активира липолиза, намалувајќи го депото на масти, посебно погодно за решавање на проблемите со локално депонирано масно ткиво на поедини места каде не помагаат диети, козметички апарати, физички вежби и сл.

Резултатите се впечатлива визуелна редукција на целулитот и масните наслаги уште во текот на фазите на третманот. Сепак, битно е да се знае дека како што сите сме посебни и различни така кај секого ќе имаме индивидуален пристап а со тоа и индивидуален резултат.

Mesolipolysis – Инекции за Липолиза

Мезотерапија-Lipodissolve е медицинска област која вклучува инјектирање микроскопски количини на хомеопатски лекови, природни растителни екстракти, витамини и фармацевтски агенти во кожата да се третира вишокот на непопустливи масни депозити – џебовите на масти (подбрадок, струк, надлактици, колкови, надколена) кои понекогаш ниту со најригорозни диети и исцрпувачки режими на вежбање, фитнес и слично не успеваме да ги одстраниме и остануваат како фактор на загриженост и незадоволство.

Црниот дроб врши дигестија на масти преку ослободување на ензимот и некои молекули како phosphotidylcholine. Mesolipolysis вклучува користење на овие молекули со цел напад на акумулираните масти кои лесно може да се расчистат со циркулацијата на телото. Во текот на оваа постапка, исто така сe врши стимулација на производството на колаген, кој води до затегнување на кожата и е додадена предност во добивање назад на саканaтa контура. Таа, исто така може да се користи за лекување на липом.

MesoLipotherapy носи долгорочни резултати

Не заборавајте дека со било која терапија за слабеење, намалување на масни наслаги, затегнување на кожата и отстранување на целулитот, неминовен дел од важиот живот треба да е физичка активност од најмалку 30 минути, 3 пати во неделата и секако мало запазување на внесот на калории и правилна исхрана – секако ова важи доколку сакате да имате максимален ефект!

Начин на апликација на CELLUCARE мезо-коктелите

Како да достигнете максимални ефекти од оваа метода?

За постигнување на неверојатни и заудувачки резултати ви препорачуваме следно:

La Bellezza Center 
Естетска Дерматологија & Медицинска Козметологија 
Адреса: булевар Видое Смилевски Бато број 3 & 7 – Естетска Дерматологија и Медицинска Козметологија
Телефон: +389 70 222 601 / +389 2 2430 432 / +389 70 268 009
Е-mail: info@labellezza.com.mk