Thursday, May 2, 2024
spot_img
домаЕстетска козметологијаМезотерапијаМезотерапија со хијалурон за нови колагенски влакна

Мезотерапија со хијалурон за нови колагенски влакна

Како што старееме, кожата станува потенка и дехидрирана. Количината на колаген и еластин во ткивото полека се исцрпува и на лицето се појавуваат брчки. Мезотерапијата се состои од микро-инјектирање на активни состојки, како што се хијалуронска киселина, хранливи материи и витамини, веднаш под површината на кожата (попрецизно, во површинскиот дермис).

Мезотерапијата со хијалуронска киселина поттикнува подмладување на кожата со зголемување на хидратација и активација на фибробласти, а со тоа се зголемува производството на колаген, еластин и хијалуронска киселина.

Во кои области се применува мезотерапија со хијалуронска киселина?

  • Лице (образи, брада, чело)
  • Вратот
  • Деколте
  • Задниот дел од рацете
  • Абдомен
  • Внатрешна површина на рацете и нозете
  • ЦЕНА: 2.000 денари
  • Препорачливи дози: Во регијата каде што се нанесува, најмногу што може да се аплицира е еднаш во месецот.

ВИДЕО: Како се аплицира процедурата и на кој начин делува хијалуронот.

Кои се придобивките од третманите со хијалуронска киселина со мезотерапија?

За време на третманот со мезотерапија, целата површина на кожата е исполнета со мали наслаги на хијалурон. Во следните седум дена, хијалуронските молекули постојано ги врзуваат молекулите на водата и кожата постепено станува хидрирана и сјајна. Ова и дава на кожата дополнителна влага и волумен, а со тек на време, дополнителна количина на колаген и еластин се синтетизира на природен начин.

Третманите со мезотерапија со хијалуронска киселина длабоко ја хидрираат и ја подобруваат цврстината на кожата, така што се враќа сјајот, може да се подобри тонусот, делува за волумен и еластичност, но и подобрување на убавината на тенот. На овој начин, третманот ги намалува ефектите на стареење на кожата преку нејзино подмладување.

Други видови на мезотерапија: 1) Мезотерапија: Коктел за разбивање масни наслаги и целулит 2) Hair Care Mesotherapy: Коктели за негување и ревитализација на косата.

La Bellezza Center
Естетска и Медицинска Козметологија 
Адреса: булевар Видое Смилевски Бато број 3 & 7
Телефон: +389 70 222 601 / +389 2 2430 432 / +389 75 222 601
Е-mail: [email protected]

RELATED ARTICLES
- Advertisment -

Most Popular