acne

,,Ако сте пробале се и сте биле секаде, а не сте задоволни од ветувањата и резултатите, нека ви бидеме откритие на година како што често не нарекуваат,, – Ла Белеца центар

Acne vulgaris се хронично воспалително заболувања на пилосебацеалниот апарат, кожно заболување како еден од најголемите проблеми на младата популација насекаде во светот. Заболувањето најчесто започнува во пубертетот зафаќајки повеќе од 85% тинејџери и адолесценти. Се карактеризираат со комедони, папули, пустули, цисти, белези и флеки.

Причините за појава на акните се полиетиолошки, многубројни – себум, механички, хормонски статус, бактерија Propionbacterium acne, генетски, имунитет, кортикостероидна терапија, исхраната, хипертрофија-зголемување на лојните жлезди и зголемено лачење на себум, изменетиот фоликуларен раст, зголемената секреција на полните хормони.

acne therapy

Треба да се има во предвид дека понудените козметички препарати без совет од дерматолог може да ја влошат состојбата. Самоиницијативното чистење исто така негативно влијае.

ЦЕНА НА ПРЕГЛЕД: 600 денари. Напомена: доколку се одлучите за третман во нашата дерматолошка ординација, средствата од прегледот се рефундираат.
Третманот на акни, секогаш започнува со класичен дерматолошки третман на лице кој вклучува озонирање-парење, мануелно чистење, пилинг, маска под ласер, масажа на лице и врат. Цената на овој третман е 1.200 денари.  

Промените се најизразени на кожата на лицето во т.н. Т зона-чело, нос, брада, но се јавува и на образите, како и на деколте, грб односно тоа се места каде што лојните жлезди се најактивни. Према тежината на клиничката слика можат да бидат во блага форма, во вид на комедони, митесери, средно тешка форма во вид на папули и ретки папулопустули, умерено тешки со поголем број на папулопустули и тешки облици со нодуси и цисти.

acne

Акните отсем естетскиот имплицираат и психосоцијални проблем бидејки адолесценцијата е период на психички, социјални и емоционален развој.

Затоа, за овој ЗДРАВСТВЕН ПРОБЛЕМ неопходно е да се обратите исклучиво на доктор дерматолог, а не да се лечите самоиницијативно применувајќи некои од морето козметички препарати или да се препуштите на приучени козметичари со агресивни реклами кои можат драстично да ви ја влошат ситуацијата.

Но акните како едно од најчестите проблеми на кожата, не ретко се среќаваат и кај возрасните жени. Причинители се воспаление на фоликулот на влакното, но и несоодветни козметички препарати и нега. На пример претераното миење и чистење само ќе ги интензивира проблемите затоа што на тој начин се одстранува нејзината природна заштитна маснотија и урамнотежената Ph вредност што доведува до прекумерно исушување и оневозможување на нормалното лачење на маснотија. Кожата за да компензира она што горе ги регистрира како сувост, почнува да лачи повеќе маснотија која пак вака исфорсирана останува заробена во порите. Тоа пак предизвикува ширење на порите, последователно акумулација на поголеми количини токсини, нечитотии, изумрени клетки на кожата како совршен коктел за развој на акните, а притоа и појава на проширени пори.

  • Лечењето се спроведува во зависност од клиничката слика и тежината на заболувањето.
  • Терапијата може да биде локална или комбинирана (локална и општа) а притоа користиме најсовремени методи и технологија за лечење на сите облици на акни,со загарантирани резултати.

ЛАСЕР ТЕРАПИЈА – се применува во лечењето на сите облици на акни, од оние најблагите форми со комедони (митесери) до најтешките нодулоцистични акни!

Ласерот има кератолитички ефект, го намалува лачењето на себум, анти инфламаторен ефект и регенеративен. Со тоа се одбегнува примената на медикаментозна терапија и нејзините несакани ефекти. Воедно се подтикнува продукцијата на колагенски влакна а со тоа и пополнувањето на лузните од акни и постепено се постигнува израмнување на површината на кожата

Нови тераписки пристапи за третман на акни и лузни од акни.

Лузните од акни се атрофични, а видливи како нерамнини вдлабнувања кои со годините стануваат повпечатливи затоа што кожата старее, се истенчува и опушта. Третманите се пред се индивидуални према состојбата и се состојат во предходна припрема на кожата и чистење, примена на дерматолошки Ласери, дијамантска микродермоабразија, cryotherapy, хемиски длабоки пилинзи кои одстрануваат еден слој од кожата и иницираат создавање на ,,новакожа,,

ХЕМИСКИТЕ ПИЛИНГ – ја регенерира и чистат кожата со процес на отклонување на површинскиот слој на изумрените клетки. Тоа е уводен третман за сите останати за подобрување на текстурата на кожата.

Во терапија на акни и лузни од акни се работи за палета на хемиски пилинзи со различна концентрација на киселини,специјални неутрализатори, серуми, маски и креми кои се аплицираат во еден третман кои временски трае 15 минути, а се повторуваат во циклус од 4-10 третмани во серија.

Акните под дејство на Инфра-Црвени зраци АТП-аденозинтрифосфат, молекули кои вршат трансфер на хемиската енергија во клетките потребна за метаболички процеси, биваат активирани и ги убиваат бактериите насобрани во порите. Ако ја нема бактеријата ќе нема инфламација па акните се повлекуваат. Но, значително подобрување на кожата се постигнува со примена на Дермапен,  хијалурон и мезотерапија со што кожата се ревитализира до највисок степен.

На крај за комплетен REFRESH на кожата и најпрестижната метода во светот, хитот во ревитализацијата БИОСТИМУЛАЦИЈА на СТЕМ-матичните клетки со GROWTH FACTOR, фактор на раст.

Останатата терапија се состои од медикаменти најчесто во облик на медицински креми, масти, гелови и лосиони кои се применуваат во склоп на третманот (подржани технолошки со медицински апарати) како и за секојдневна нега по препорака на специјалистот а кај одредени облици и орална терапија, совети за хигиенско-диететски режим кои е исто така исклучиво по индивидуален пристап.

Во Ла Белеца Центарот, сите процедури се прават од страна на Специјалист по Дерматовенерологија – Д-р Наташа Марковска-Василевска

La Bellezza Center 
Естетска Дерматологија & Медицинска Козметологија 
Адреса: булевар Видое Смилевски Бато број 3 & 7 – Естетска Дерматологија и Медицинска Козметологија
Телефон: +389 70 222 601 / +389 2 2430 432 / +389 70 268 009
Е-mail: info@labellezza.com.mk